Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Поезија

Поезија

/10
стр. 1
Исток Улчар

РАЗУМИХИН
ПОЕЗИЈАТА
ПРИСПИВНА
ТЕХНОЛОШКИ ПЕРВЕРЗИИ
ПОГЛЕД
Г. ЏОНС И Г. ЏЕК
КУМОВА СЛАМА
МОЛОХ
ОМИЛЕНИТЕ МУЗИЧКИ АРТИСТИ НА ПОВЕЌЕ ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ (+ PLOT TWIST)
КОМПАС

_______________________________________________________________________

РАЗУМИХИН

    Го гледам мојот другар во пивското шише,
    од кое тој неодамна пиеше.
  
    Го читам мојот другар во зборовите на
    неговиот омилен писател,
    кои ги кажуваше во една пригода.
  
    Го слушам мојот другар во винилот од Тозовац,
    кој ми го подари пред да се исели.
  
    Го поздравувам мојот другар во плочата од Да Џака Накот,
    на чија промоција започнавме да се дружиме.
    
    Ми се присторува дека го мирисам
    чадот од неговата цигара.
  
    Мојот другар е насекаде низ мојата соба,
    без разлика колку рими, колку split-ови
    и колку tag-ови е оддалечен оттука.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+