Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Проза

ГАРГАРА

/7
стр. 1
Игор Станојоски

_______________________________________________________________________

ГАРГАРА

     Во времето кога во Лемберг се случуваше револуција на угостителските објекти на почетокот на XXI век, поголем дел од моите пријатели мечтаеја еден ден да раководат со свое кафуле и да се вклучат во битката со идеи и пари. Ако размислиме добро за потеклото на оваа идеја, ќе сфатиме дека не треба ниту да се чудиме ниту којзнае колку сериозно да ја приемаме. Едноставно редот на нештата е таков што младиот човек кој води вообичаен стил на живот мора барем еднаш да дојде до таквата идеја, и тоа сосема спонтано. Замислете го младиот човек кога ќе испие неколку пива и кога со тетеравање ќе тргне в тоалет. Моментот кога мочниот меур е преполнет обично прецизно се поклопува со моментот кога мозочните ќелии почнуваат да ја наметнуваат мислата за блискоста со Супермен. Идејата за Супермен е поврзана со моќта, а моќта е поврзана со поседот, раководењето и евентуално уште и со креативноста. Наоѓајќи се во пивница која го прави среќен, младиот човек ќе помисли да создаде своја пивница, кафуле, ресторан или рок-група.
     Отворањето свое кафуле во Лемберг не е толку забавна работа како што изгледа однадвор. Понекогаш е потребно да си и повеќе од Суперман. Вистина, тоа е и доста креативна работа во која шансата за кикс е релативно мала. Избираш мебел каков што ти се допаѓа, пушташ музика каква што ти се допаѓа, создаваш свој ред, свој свет што потоа ќе го споделуваш со другите. Решенијата со организацијата на останатите кафулиња, колку и да се оригинални, не се патентирани. Можеш да вклопиш една своја идеја, а десет да препишеш од конкуренцијата или да увезеш од странство, и пак да се чувствуваш како голем изумител.
     Иако сите мои другари ја спомнуваа идејата за отворање кафуле, знаев дека само јас живеев со таа идеја и дење и ноќе, и не само кога пиев пиво, туку и кога пиев јогурт и кога останував жеден. Сонот да станам сопственик на кафуле ми се исполни во 2004 година. Сега, осум години подоцна, не можам да речам дека се каам што го отворив кафулето, а сигурно не и дека сум многу среќен поради тоа. Едно знам: тогаш не можев ни да замислам колку кафулето ќе ми го измени животот.
    
     Се сеќавам добро на тоа попладне кога седев со својата пријателка Кристина во кафулето Златен дукат, близу до стариот Плоштад ринок во Лемберг. Занесено ја листав книгата за пофалби и поплаки на кафулето






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+