Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Проза

МАРА ЈОСИФОВСКА 3

/5
стр. 1
Александар Прокопиев

_______________________________________________________________________

МАРА ЈОСИФОВСКА 3

    Првата слика што ми дојде од дедовата куќа беше снежна, можеби затоа што расказот го пишувам пред Нова Година, кога во Скопје падна снег што одамна не беше виден во градот. За разлика од овие години, во моето најрано детство снегот беше вообичаена зимска појава. Покривот на куќата во Пајко-маало, во која што заедно живееја четири генерации мои најблиски роднини – братучедите, тетка ми и тетин ми, дедо и нана, и прабабата Марија, како и оголените крошни на дрвјата во дворот, беа под дебела бела прекривка. Снегулките паѓаа деноноќно, па кога навечер се враќавме од маалските игри, бевме бели и премрзнати како мали Лапонци, со чизмички одвнатре преполнети со истопен снег и зрнца мраз нанижани по мокрите волнени чорапи. Брзо ги свлекував и охрабрувајќи се „уф, уф“ ги потопував нозете во легенот топла вода што ме чекаше подготвен од нана. Додека ги триев нозете, дедо ќе се симнеше да донесе бокал црно од бурето во подрумот. Со истите тие стапалца што се топлеа во легенот, во септември го газев грозјето во коритото во подрумот.    
    Пајко-маало опстојуваше уште неколку години по земјотресот, дури до 71-та. Куќите ги продолжија своите животи, но некако секоја за себе. Како што раснев и почнав да одам на училиште, ми се чинеше дека по сокаците има многу понеинтересни деца од оние во школскиот двор. И девојчиња во кои почнав да зјапам и за кои навечер смислував безобразни фантазии. Наголемо ме фаќаше пубертетот, ми израснаа влакна и мозолчиња по брадата и телото, па ми пораснаа носот и уште некои органи; тешко ми беше да се справам со ова забрзано разнебитување на сопственото тело, а низ тоа зголемено ново тело ми се виореа некои нови немири и прашања. Освен тоа, со моите се преселив далеку, на крај на градот, меѓу овоштарниците на Тафталиџе.    
    Но, гледано одстрана, мапата на Пајко-маало сеуште оставаше иста слика. Куќата на дедо Павле беше претпоследна од оние со парни броеви во улицата Мара Јосифовска, односно последна што беше населена, зашто комшиите од број осум, српско официрско семејство, иако куќата им остана неповредена од земјотресот, се отселија во некоја од новите населби, донирани од странските пријателски држави. Затоа пак, куќата под број 3, од другата страна на улицата, го интензивира својот живот, особено кога пролетта 66-та, комшијата Емил донесе жена од Холандија.
    Комшијата Емил беше еден од ретките херои на моето детство, кој остана подеднакво интересен и во времето пред, и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+