Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Проза

Ѓавол знае

/3
стр. 1
Корана Сердаревиќ

_______________________________________________________________________

Ѓавол знае

Превод од хрватски: Елизабета Баковска

    Крештењето на папагалите го прекинува само полно грло. А нивната непослушност? Потсекување на врвот на клунот со ножички за нокти. Кога бесно го зграпчив Пилко и му ја осакатив папагалската муцка, со денови беше навреден. Не сакаше ни да ме погледне. Ама добро јадеше. Замисли: сакав да му дадам бакнеж, сакав да ја отвори устата и како обично да ми чукне со клунот по забите, а тој со сета сила ме штипна за меката ’рскавица меѓу носниците. Како во мене бликна толкава нагонска срџба и како во близина се најдоа ножичките, ѓавол знае.
      
    Пилко го добив од бившата девојка пред неколку месеци, уште ткивото над клунот му беше розово од младост. Тања, мојата бивша, секој ден стоеше покрај кафезот и чурликаше, ги пучеше усните и произведуваше некои звуци кои требаше да му објаснат дека е добредојден и дека ни е мил. Го учеше и некои зборови, ама никогаш не зуцна. Жолт како пиле, замаено зјапаше во нејзините усни, ја кривеше главата и шеташе лево-десно по својата пречка. Потоа дознавме дека Пилко е всушност женка и затоа не е добар за брборење. Повторував колку е тоа смешно иронично, а Тања веднаш почна да бара зет и да смислува опции за гнездо. Таа работа нагло е прекината оти ние, заради немоќта да изведеме наши сопствени младенчиња, одлучивме да се откажеме од животот во пар. Тоа што Пилко остана со мене е чиста случајност. Всушност, мислам дека Тања, кога излегуваше од станот влечејќи ги оние два тешки куфери, целосно заборави дека би требало да ја земе птицата.
    „Чувај се“, рече пред вратата да тресне зад неа. Слушнав како тркалцата на куферот прескокнуваат по скалите. Беше доцна попладне, луѓето се враќаа од работа и ги прегрнуваа жените и децата, а јас седев сам на каучот пред телевизорот. Пилко хистерично ја вртеше главата зад мојот грб.
    Лудо ја љубев Тања, не е тајна. Заради неа би примил дома куп валкани стаорци, а камоли еден папагал.
    Се запознавме во средно. Попатни разговори, студена пристојност и „ги имаш ли решенијата по математика“. Таа беше популарна девојка, фраерка, одеше со дечковци кои тренираа груби спортови и носеа тесни маици. Јас бев нормален дечко, недоволно интересен да прискокнам, недоволно глуп тоа да не го забележувам. Се запишавме на различни факултети, но секогаш ја гледав по трамваите, на улиците, во клубовите, по кафулињата. На речиси секој концерт на кој ќе одев од купиштата пијани глави






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+