Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Звук Осврти

DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

/3
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

Берлин

Превод од босански: Елизабета Баковска

    Во Берлин бев неколкупати. Последното сеќавање ми е на малиот хотел во кој бев отседнал, полутајно, без многу најави на познаниците дека сум тука. Ми требаше тишина, бегство, ми требаше да се оддалечам од сѐ и од себе, а сепак блиску до некои стари пријатели, до љубовта и заборавениот копнеж, во случај осаменоста да стане неподнослива.
    Хотел во близина на Карл-Маркс-штрасе. Како да го протолкувам тоа освен како добар знак. Неукелн е пријатен кварт. Жив. Не можам да му ја дефинирам акцијата, ама не ни сакам. Дојдов да останам странец оти заминувам за неколку дена. Не студи. Хотелската соба имаше необичен плафон, оти сум на поткровје.
    Пуштам музика. Devastrations. Поновата имигрантска сцена на Берлин, си помислив на шега. Како да сакам да се успијам, во себе ги набројувам албумите кои се создавани во Берлин и се создаваа инспирирани од Берлин: Лу Рид – Берлин, Дејвид Боуви – Heroes, Иги Поп – The Idiot, U2 -- Achtung Baby, Nick Cave and the Bad Seeds – Your Funeral… My Trial и, се разбира Einsturzende Neubauten – 1/2 Mensch…
    Толку време по Рид, Боуви, Поп, Бед Сидс: Devastations! Исто толку добри, исто така хипнотизирачки. The Devastations на првиот албум. На останатите два, членот The се изгубил. Сѐ друго останало, за среќа, недевастирано, оти со секој нов албум се сѐ подобри. Штета што снимија само три. Песната Under е химната на мојата малечка и необична хотелска соба. Никогаш нема да заспијам.
      
    Under

ONCE THEY WERE WARRIORS

    Никогаш не сум бил во Австралија. Првата асоцијација на неа ми е филмот Proposition. Лажам, Ник Кејв ми е првата асоцијација, додека тој филм од фабриката, на сега веќе целоживотните соработници, режисерот Џон Хилкоут и незаобиколниот Кејв, е на второ место. Кога ќе помислам на Австралија, се сеќавам и на Нов Зеланд и на генијалниот филм, Once Were Warriors, за кој мислам дека повторно ќе го гледам кога ќе го завршам овој текст.
    За Devastations знам по нешто. Три другари – Том Карлјон, Хуго Кран, Конрад Стандиш, започнаа да работата во нова формација и се преселија во Берлин, по што нивниот поранешен бенд, Luxedo, се упокои. По три албуми, останаа двајца другари, ама не и Devastations. Стандиш/Карлјон се преселија во Лондон и таму го снимија албумот Deleted Scenes. Понатаму ќе претпоставувам. Еден по еден се распрснуваат, од Мелбурн до Берлин, од Лондон до Мелбурн, секој на своја страна и секој за себе.
    Оваа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+