Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Есеи

ПРОНИКНУВАЊЕТО НА ФЕНОМЕНОТ НА СЛОВЕНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И КУЛТУРА

На преминот од прасловенската до кирилометодиевската словенска цивилизација и култура


/6
стр. 1
Илија Велев

_______________________________________________________________________

ПРОНИКНУВАЊЕТО НА ФЕНОМЕНОТ НА   СЛОВЕНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И КУЛТУРА

  Илија Велев
      
    ПРОНИКНУВАЊЕТО НА ФЕНОМЕНОТ НА
    СЛОВЕНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И КУЛТУРА
      
      
      
    На преминот од прасловенската до кирилометодиевската
    словенска цивилизација и култура
    

    Проследувањето на словенскиот културноисториски идентитет во глобалниот контекст на човековото опстојување од неговото историско проникнување, па сè до современиот оформен колективитет, едноставно мора да се сообразува со феноменот на процесот на цивилизациското прелевање од една во друга епоха, или од еден до друг социолошки и културолошки амбиент во времињата што поминале. Всушност, во која и да е географска средина назад низ вековите се премостувале повеќе основоположени цивилизации и култури, а притоа словенската самата од себе оставала своевиден супстрат како непресушен извор од кој современите словенски традиции (меѓу кои и јужнословенските – македонската, бугарската, српската, црногорската, хрватската и словенечката) го напојуваат сопствениот културноисториски и национален идентитет. Конкретно на Балканот и пошироко во Југоисточна Европа овој процес на цивилизациско прелевање имал историски континуитет од антиката (хеленизмот и класичниот македонизам), преку римолатинското и византискохристијанското глобално општество, па сè до втемелувањето и афирмацијата на словенската цивилизациска свест за духовно и културно себеидентификување и себепрепознавање со словенскиот колективитет.
    Затоа и од современа дистанца на толкување, кога сме сведоци дека и нашата генерација феноменолошки повторно ја актуелизира глобализацијата како единствен можен начин за културно прелевање меѓу народите во новите процеси на интеграции, секоја национална традиција треба да се поместува во рамките на заедничките творечки конгломерати како општи цивилизациски придобивки на глобалните одвивани културноисториски процеси. Оттука и ниедна современа национална културноисториска традиција не може да претендира да е единствен наследник на определен глобален културноисториски супстрат (хеленистичкиот, римскиот, византискиот и сл.) и не треба единствено таа да се напојува од определен историски протечен цивилизациски извор. Токму и споменатите потреби на времињата за непосредни духовни препознавања и културни прелевања меѓу народите предизвикале македонската духовна и културна традиција (како и на другите современи народи и национални култури) да се поместува во границите на општите цивилизациски придобивки во рамките на глобалните културноисториски процеси. Ваквиот социолошки и културолошки феномен треба да ја определи рамката за континуитетот на македонскиот културноисториски развој со древномакедонското творечко наследство во класичнохеленистички супстрат, со римската или со византиската културна историја, како и со историските искуства на општословенскиот колективитет.
    Во тој контекст напоменуваме дека, недоволната посветеност кон значењето на глобалните цивилизациски и културолошки интроспекции придонесе сè до поново време истражувањата за културноисториските процеси на просторот на Македонија да се одвиваат во ограничени периодични рамки, зашто и претставата за нив се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+