Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Критика

ПО ПОВОД ЕДНА МОШНЕ НЕОБИЧНА АНТОЛОГИЈА

/4
стр. 1
Лидија Капушевска-Дракулевска

_______________________________________________________________________

ПО ПОВОД ЕДНА МОШНЕ НЕОБИЧНА АНТОЛОГИЈА

(Дај две, љубовни: антологија на нашите омилени песни од автори од Европа: љубов; концепт Жарко Кујунџиски, реализација Кристина Велевска, Скопје, Антолог, 2015)
      
      
    „Љубам, значи постојам“ – вака некако би гласела варијацијата на прочуената Декартова девиза видена низ призмата на антологијата Дај две, љубовни. Нешто слично изјавува и Јулија Кристева во својот есеј „Пофалба на љубовта“, каде што читаме: „Ако е жив, нашиот психички живот е вљубен. Ако не е вљубен, тогаш е мртов“ (Kristeva, 2011: 21). И затоа, бидете вљубени! Треба секогаш да се биде вљубен. „За да не го чувствувате страшниот товар на Времето што ви ги крши плеќите и ве свиткува кон земјата“ (Бодлер, 1996: 123), треба да бидете вљубени без престан. Но во што? Во поезијата, во музиката, или во самата љубов, според вашата волја. Но бидете вљубени – да ја парафразирам Бодлеровата култна песна во проза „Опивајте се“ која се чини илустративна и за феноменот љубов.
    Љубовта претставува умеење, нѐ учеше и Ерих Фром, исто како и животот: „Доколку сакаме да дознаеме како се сака, (…) мораме да го сториме тоа како кога сакаме да совладаме кое и да е друго умеење: музиката, сликарството, дрводелството, умешноста на медицината или на инженерството.“ Но, „и покрај длабоко вкоренетата желба за љубов, речиси сѐ друго се смета за поважно од љубовта“ – продолжува Фром: „Успехот, угледот, парите, власта – речиси целата своја енергија ја трошиме за да сознаеме како да ги постигнеме овие цели, а не правиме речиси ништо за да овладееме со умеењето на љубовта. Зар вредно за труд се смета само она со што можеш да стекнеш пари и углед, а зар љубовта – која ѝ користи ‘само’ на душата, но која не е корисна во современата смисла на зборот – претставува луксуз на кој не треба да се троши многу енергија?“ – реторички прашува Фром (Фром, 2006: 13-15).
    Антологијата Дај две, љубовни во издание на „Антолог“ ни ја нуди тријадата: поезија, љубов, музика, како своевидно „свето тројство“ на нашите малечки, трошни животи, зашто, само на тој начин, преку споментите „умеења“, ќе можеме да го оствариме копнежот за возлет кон бескрајот… Се работи за една, во многу нешта, необична и специфична антологија, составена според концептот „нарачка“ од авторите и соработниците на „Антолог.“ Како што се нарачува пијалок во кафуле или омилено јадење во кафеана. Четириесет и осум домашни и странски поети, раскажувачи, есеисти и преведувачи се автори на оваа антологија.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+