Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Поезија

Поезија

/5
стр. 1
Ален Бешиќ

пладне
слегување
златен песок
чистилиште
мелодија

_______________________________________________________________________

пладне

Внимаваш кому му се кажуваш и кој ќе те сведочи. Зашто,
    со секој збор што ќе прејде во други сѐ помалку те
    има. Насетуваш како во темницата на ладните одаи се лупат
    буквите на заборавениот летопис. Ги суредуваш сликите
    како семе од егзотични билки, чекајќи трпеливо
    да се разлисне хербариумот. Призрачно сам, ја пиеш
    оросената чаша ризлинг, и помислуваш дека вистинската
    поезија престојува во едноставноста која никако да ја
    досегнеш: во насушната очигледност на парчето леб на
    масата, во восхитувачката обичност на чинијата со
    маслинки, во непорекливата топлина на камената клупа
    врз која ја ставаш дланката. Наеднаш –
    пладне. И навистина, како да не му се завидува на окото
    на чистото благовештение, на синевината што ги резбари
    контурите на камбанаријата во која пак се собира
    тишината? Јатото гулаби како црно соѕвездие
    во дива спирала се оддалечува надвор
    од погледот, свеста, паметењето. И еден сребрен балон,
    пуштен од страв, отпловува низ агонијата на одгласите.
    Безгласна, потреперува сенката на сончевиот саат.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+