Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Проза

Панорама

(од збирката раскази „Љубовта за време на Детето од Малштет“)


/13
стр. 1
Клеменс Ј. Зец

_______________________________________________________________________

Панорама

Превод од германски: Елизабета Линднер
      
    Летото 2003 Моника се беше преселила на панорамата, откако дефинитивно ги беше прекинала студиите по право. Нејзините родители, имашни деловни луѓе, се беа согласиле дека и понатаму ќе ја потпомагаат финансиски, та дури не беа ни изненадени од високата цена на киријата на вагонот бр. 21 од гигантската челична конструкција на крајот од градот.
    Изградено во доцните деведесетти години од славниот австриски архитект Алберт Цмал и пропратено од извесна медиумска врева, синото тркало, чии попречни врски и пречници налик на велосипедски жици ова септемвриско утро светкаа низ маглата, постепено стана новиот заштитен знак на градот. Но, истовремено побарувачката на станови драматично се намали, што имаше врска со привикнувањето на начинот на кој човек го напушта своето живеалиште. Човек мораше или четириесетина минути да чека додека вагонот не дојде до Земјината површина или го притискаше копчето за сопирање и се качуваше во еден од експресните лифтови сместени во самите пречници и доаѓаше до главната кула, од каде преку едно столбиште можеше да стигне на отворено.
    Во моментов станот на Моника се наоѓаше најгоре, на највисоката точка од тркалото, неколку стотици метри над Земјината површина. Моника седеше на кујнската маса и си ја топлеше својата хронично студена дланка врз пареата од шолјата со чај. Дарџилинг. Веќе по трет пат го читаше називот на малата вреќичка чај. Пријатен, речиси нежен збор, како Дарлинг, само преку еден странски слог развлечен во средината.
    Денот ѝ започна стушено. Најпрвин се обиде да ги проветри собите, но мораше да констатира дека некој повторно го притиснал копчето за сопирање, веројатно дури и го држеше притиснато, што се случуваше секогаш кога некој се сели, и дека таа лебдеше премногу блиску до вревата и нечистотијата на главната улица. Затоа се избања а после тоа си ги налакира ноктите на нозете, но нејзиното расположение не се подобри од тоа.
    Гледаше низ прозорецот. Сивиот егзоскелет на една празна фабричка хала на другиот крај од градскиот парк можеше јасно да се препознае. Покрај неа една грда бела камбанарија. Инаку сè останато е повеќе или помалку скриено во магла.
    Врвот на денот што беше пред неа, беше посетата од еден техничар. Моника го очекуваше во десет часот. Вчера, кога го беше притиснала копчето, тркалото се сопре само за пет минути, а потоа автоматски повторно се придвижи, затоа беше паднала во кабината од лифтот која бавно се навалуваше настрана. Тоа беше опасно, такво нешто не смее да се случи. Веднаш му се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+