Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Проза

Replay

/9
стр. 1
Бенјамин Штајн

_______________________________________________________________________

Replay

Превод од германски: Елизабета Линднер
      
    Се плашам од појави што не сум ги измислил самиот. И ова копито … На работ од креветот ѕирка од под покривката во темнината. Шубе ми е. Без да погледнам натаму го покривам, ја спуштам главата назад врз перницата и ги затворам очите, како дете кое си мисли, дека она што не го гледа и не постои. Тоа ме потсмирува. Иако сепак требаше да знам дека е лош предзнак.
    Не сум будала. Розата е роза е роза е роза. Барем толку бев научил кај Матана. Знакот најпрвин не е ништо друго освен знак, упатство, патоказ, не е еднаков со она што го покажува. Знакот сам по себе е невин. Сам по себе не значи ништо и нема причина да се обеспокојувам само затоа што нешто е видливо.
    Предзнак, пишано, судбина … Знам за што зборувам. Јас сум специјалист за знаци. Барем се сметам за таков, бидејќи уште многу рано започнав да барам знаци, да откривам знаци и да толкувам знаци.
    Започна со играта „ако сега – тогаш“: ако сега колата на следната кривина скршне лево, тогаш ќе добијам сладолед. Ако оди на десно, тогаш нема. А ако вози право, тогаш ме чека нешто попримамливо што не се ни споредува. Мора само да бидам трпелив. А потоа трепкачот на задниот дел од колата засветка жолто – десно, а моите надежи беа веќе закопани под земја.
    Од трепкањето на светлото од колата погледот се премести врз трепкањето на небото. Ѕвездите сигурно зборуваат. Кога рано попладне се враќав од училиште го вклучував телевизорот и менував програма на Дневен хороскоп и возбудено исчекував додека да го кажат мојот знак и да ги објават астролошките прогнози. Часот во кој се емитуваше емисијата беше од голема предност, бидејќи половината од денот беше веќе поминат. Доколку астрологијата го потврдуваше она што се случило, тоа значеше дека она што не се случило, дури сега ќе настапи. Доколку не постоеше никаква поврзаност меѓу хороскопот и денот, онаков каков што го имав доживеано до тој миг, тогаш сето тоа ми претстоеше, небаре мојот ден всушност и не беше започнал вистински. Какво треперење и исчекување, ех, ветувачки радости и страдања и неодлучности … Ѕвездите сигурно не лажат.
    До ден денес не можам да отворам весник, а најпрвин да не побарам во содржината каде се наоѓа хороскопот. Доколку има хороскоп, но јас претпочитам списанија кои не се лишуваат од таква рубрика, не можам поинаку, освен повторно и повторно да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+