Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Проза

Она што беше небо

(извадок)


/3
стр. 1
Владо Малески

_______________________________________________________________________

Она што беше небо

На крајот од годината излегов одличен и примерен меѓу одличните. Ректорот рече дека архиепископот дарувал согласност да одам на факултет. Затоа, летото се вратив во Мала Богородица. Да ја чекам есента во молитви и во пост. Како залутана овца се чувствував меѓу братијата, мелу и тажен заради тоа што ја немав закрилата на отец Алексеј. Дните минеа некако со тропарите и со кондаците, и јас започнав, вистина тешко, но започнав да си ја наоѓам смислата на монахувањето. Отец Алексеј замина таму кај што изгревало сонцето и ми се стори дека бесповратно го однесе со себе некогашниот Наум Фурнаџиев а, во замена за него, на Инокентија му го остави ѕвонот на камбаните и љубовта кон смиреноста со која ќе ги победи (мора да ги победи!) и најлукавите блазнења на светот овдешен (првото веќе го победи пред железната врата на богословијата – „Жена да свиеше в кревет!“). И жугна во мене фиданка на среќа некоја, одамна несетена. Таа, исто така, беше знак дека ја наоѓам смислата на моето монахување.
    Но еден ден…
    … Беше недела, августовска недела. Со бројници во рацете, на чии килибарни зрна ги броев молитвите (подарок од Алексеј), излегував со постарите братија од црквата по литургија. Отаде манастирската порта се докутураа ждрингања на ѕвончиња од пајтонџиски коњ. Ми заповеди игуменот Иринеј:
    „Брате Инокентие, отвори ја портата!“
    Одвај ги растокмив двете големи опковани поли и му сторив пат на пајтонот. Во него видов (морав да видам, та крај носот ми се стркалаа!) три деца, три деца и една жена и уште една жена во жолт басмен фустан со црни точки. Таа како зачудено да ме погледна, ми се насмевна и чув, веќе напред:
    „Благодарам, отче.“
    И пак ме осмади нејзиниот глас:
    „Але, Крисула, колку младо калуѓерче!“
    И чув палаво смеење на таа што се викала Крисула:
    „Е па, Марика, и млади и стари има.“
    „Господи очисти грехи нашја…“ издрдорив и стрчнав накај мојата соба. Но игуменот Иринеј ме запре.
    „Одведи ги госпожите на нашите ктитори и приложници браќата Митраќевци во собата до владичката…“ И забрза некаде, мазнејќи ја ненакадрената брада (можеби да ја накадри?).
    Игно слугата и јас ги носевме куферите и кошниците а двете млади жени им се восхитуваа на убавините на манастирот среде разлистени дабје. Ги оставивме нештата та ми лесна што ќе можам да се сневидам од собата до владичката, но назамин пак го чув гласот на таа што се викала Марика:
    „Навистина, колку години имате?“
    Јас гледав во жолто и црно некаде околу колената.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+