Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 103-104 | година  | декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 103-104декември, 2015
Галерија Осврти

Документ Дете од Моника Мотеска

/2
стр. 1
Валентино Димитровски

_______________________________________________________________________

Документ Дете од Моника Мотеска

Уметничките практики денес неповратно се трансформирани во еден непрегледен и безграничен, дифузен и децентриран универзум на исказни, изразни и концептуални практики. Од поодамна веќе се пореметени и граничните и разликовните специфики меѓу овие практики и останатите медиумски и дискурзивни уметнички структури во еден глобален „вавилонски“ културолошки и цивилизациски синдром. Од првичните модернистички, а пред се авангардистички пробивања, преку неоавангардните и концептуалистичките движења од 60-тите години на минатиот век наваму, до постмодернистичките расејувања, уметничките практики како да ја преминале границата на „крајот на уметноста“, декомпонирани до она што Данто го формулира како суштествено уметничко: дискуризвно-концептуално поле на исказните обрасци. Аурата на автономниот медиум и на автентичните обрасци на тој начин се деструира и потопува во деконструктивните матрици на исказните концепти коишто се уште, во традиционален манир, ги нарекуваме „уметнички“. Но, затоа, се открива едно непрегледно и возбудливо поле на поигрување со уметничкото, со напластените културолошки и цивилизациски модели и со синтактичките и семантичките содржини на стварноста и на фикцијата, кое што открива нови димензии на уметничкиот исказ и на неговите изразни можности.
    А оваа возбудлива планетарна авантура денес во голема обем се остварува во или преку разновидната употреба на фотографскиот медиум, но сега целосно ослободен од било какви автономни или „автентични“ претензии. Вирусот на фотографската манипулација и експлоатација е доминантно присутен и во актуелните уметнички практики на уметничката сцена во Македонија веќе подолго време, а релевантните исказни појави во рецентното уметничко живеење речиси целосно се заразени со визуелните, информациските и концептуалните можности на овој медиум.
    Оттаму и Моника Мотеска, како автор посветен на култивирање на сопствениот уметнички исказ во релевантен и актуелен образец на се
    поскромната уметничка сцена кај нас, во повеќе нејзини проекти е
    фокусирана на концептуално-наративна примена на фотографијата во креирањето на исказни уметнички остварувања. При тоа, Мотеска фотографијата ја применува во разновидни модалитети, од слободно користење на туѓа фотографска предлошка до автореференцијално фотографско експонирање, од непретенциозно документарно бележење на одредени состојби или артефакти од стварноста до конципирање на наративни фотографски низови. Нејзиниот приод во примената на медиумот е смислено воден од желбата за обликување на едноставни, но концентрирани наративни структури со суптилна формална и значенска носивост. Тој манир во негувањето на навидум мали и непретенциозни фотографски искази и приказни произлегува од нежноста и едноставноста на едно типично „женско писмо“, податно да профилира слоевити увиди и рамништа на значење.
    Во двата нејзини последни проекти (NATURA MORTA, 2010 и Документ дете, 2011) Мотеска го гради својот уметнички исказ






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+