Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 99 | година  | ноември-декември, 2014



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 99ноември-декември, 2014
Критика

ВИСТИНСКИ ПОЕТСКИ ВОДОТЕК

(кон поетската книга Вистинска вода од Владимир Мартиновски)


/2
стр. 1
Звонко Танески

_______________________________________________________________________

ВИСТИНСКИ ПОЕТСКИ ВОДОТЕК

Новиот поетски ракопис на реномираниот македонски поет, раскажувач, есеист, книжевен теоретичар и универзитетски професор од помладата генерација – Владимир Мартиновски – насловен индикативно Вистинска вода, донесува вистинска поезија за вистинска наслада. И во овој свој најнов поетски водотек, Мартиновски мошне успешно го продолжува прекрасното и инспиративното крстосување по универзалните траектории, податливи за вистинско поетско мајсторисување, што следствено и како по правило, кај него, донесуваат и исклучителни, вистински вредности. Мартиновски и во овој свој најнов поетски ракопис е веднаш препознатлив по бравурозните поетски остварувања вдахновени од копнежот по непознатото, од игривоста сфатена како животна филозофија на светот надвор и внатре во нас, од љубовта што прегрнува и бара да биде прегрната поради обновата на нејзината моќ, од екстазата на малите возбуди што знаат да ни донесат големи радости ако правилно и великодушно проникнеме во нив, од созвучната хармонична музика што ги обединува хоризонтите наоколу и ни ја облагородува душата итн.
    Сето тоа како ингениозен поетски гест со повишен естетски полнеж, Мартиновски ни го назначи и со своите претходни поетски, но и прозни објави од различна провиниенција (хаику, танка, хаибуни, квартети за читање, пеење и слушање, песни во проза, поетски медалјони и слично), ама овде веќе како докажан, афирмиран и наградуван маестро на поетскиот збор, нè повикува сè поотворено и попроникливо да ѕирнеме во неговата вистинска вода, што со своите проѕирни површини го повикуваат гледачот (во случајов: читателот) да им се доближи, па и да ги зграпчи нив во еден здив што ќе рече дека водената функција тука е реинтегрирачка, примамувачка. Лирскиот субјект проникнува во неа и сведочи за нејзината вдлабоченост, плодност и штедрост. Такво потоа станува и уживањето, односно читателскиот впечаток од естетската пловидба низ стиховите на овој поет.
    Книгата е поделена во четири циклуси: Мала олимпијада, Водени песни, Ѕидописи – куќописи – живописи и Летечки песни. Сите песни го задржуваат будно читателското внимание не само со својата содржина туку и со своите структурни посебности и со целосната дикција. Привидната едноставност на песните заведува, сепак, со својата внатрешна, затскриена слоевитост, како и со пораката што ја пренесуваат стиховите, што, пак, дополнително се осветлува и преку креативната реакција на поинаквите културни кодови, чиешто одново отелотворување во песните ја носи со себе и плуралноста на конкретните доживеани и преживеани времиња. Затоа, лирскиот субјект на Мартиновски и овде ефективно се покажува небаре како „сликотворно битие“, што често умее да се комплементаризира, да се задржи недопрено во неговата елементарна сплотеност или да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+