Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 101-102 | година  | ноември-декември, 2015



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 101-102ноември-декември, 2015
Галерија Осврти

Доба на катастрофата

/3
стр. 1
Мелентие Пандиловски

_______________________________________________________________________

Доба на катастрофата


    Мора да се влезе во катастрофата за да се искористат нејзините бенефити а притоа да нема не страдање од нејзините недостатоци. Катастрофата не може да се забрани, туку мора да се иссурфа.
(Пол Вирилио)
    Теоријата на катастрофата е најверојатно првиот кохерентен обид (од времето на Аристотеловата логика) да се даде една теорија на аналогија. Кога тесноградите научници се противат на теоријата на Катастрофата со образложение дека таа не дава повеќе од аналогии, или метафори, тие не сфаќаат дека всушност правилно ја наведуваат целта на теоријата на Катастрофата, која цели да се класифицираат сите можни видови на аналогни ситуации.
(Рене Том)
    Се чини правилно да се започне со воведот за проектот насловен како „Доба на Катастрофата“ со цитати од Пол Вирилио и Рене Том. Имено, постојаното зголемување на бројот на природни и вештачки катастрофи во дваесеттиот и дваесет и првиот век јасно укажува на потребата за уметничката и културната реакција на самиот феномен на катастрофата. Се разбира, идејата за катастрофата не е нова. Фамозната ерупција на Везув во заливот на Неапол во 79 н.е., која ги затрупа Помпеја и Херкуланеум стана извор на имагинацијата и извор на референции во изминатите два милениуми.
    Меѓутоа, бидејќи катастрофата е секогаш нова и непредвидлива ситуација, вреди да укажеме на Анри Бергсон кој тврдеше дека треба да го промениме нашиот начин на размислување кога се соочуваме со нови објекти. Свесен за тешкотијата да се оствари тоа, тој додаде „идејата дека, за новиот објект можеби ќе треба да создадеме нов концепт, можеби еден нов начин на размислување, ни е длабоко одбивна“ (Креативна Еволуција). И, навистина, како да се утврди што е предмет на катастрофата? Како просторно да го обмислиме? Што се случува со поимот на времето во време на катастрофата? Дали логиката секогаш треба да се следи, или постои и простор за интуицијата во дешифрирањето? Сепак, се вели дека „интуицијата претставува начин на сочувство со кој човек се транспортира во внатрешноста на секој предмет“ (Бергсон, креативниот ум). Но, можеме ли, всушност, денес да ја користиме Кантовата дистинкција помеѓу интуицијата од универзалиите? Современиците на Бергсон, како што е Бенедето Кроче ја сметаа интуицијата како органска целина, како потполна манифестација на свеста. Тогаш кои се сензорните и емоционалните состојки на интуицијата, со цел да се добие подлабок увид во модалитетите на катастрофата?
    Да започнеме со отплеткување на концептот на катастрофата укажувајќи јасни примери на катастрофи во дваесет и првиот век, особено во општество каде што нашето постоење е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+