Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Есеи

Што е поезија? -извадок

/6
стр. 1
Џон Стјуарт Мил

_______________________________________________________________________

Што е поезија? (извадок)

    Честопати се поставува прашањето: Што е поезија? Одговорите на него се многубројни и разновидни. Највулгарниот од сите – одговор од кој човек што ги поседува сетилата на кои се обраќа поезијата никогаш не би бил задоволен – е оној што ја ограничува поезијата на метричката структура; а сепак, многумина се вратиле на оваа бедотија од дефиниција поради неможноста да најдат некоја друга што ќе го разликува она што тие се навикнале да го нарекуваат поезија од голем дел од она што го знаат под други имиња.
    Тоа што, меѓутоа, зборот „поезија“ внесува нешто сосем чудно во својата природа; нешто што може да постои и во прозни и во стихувани дела; нешто за кое дури и не се потребни зборови, туку може да се искаже и преку други звучни симболи што се нарекуваат музички тонови, па дури и преку визуелните, како јазикот на скулптурата, сликарството и архитектурата – сето ова, веруваме, го чувствуваат и мора да го чувствуваат, иако можеби не толку препознатливо, сите врз кои поезијата во кој било нејзин облик оставила некаков впечаток подлабок од онаа основна дразба на ушното тапанче. Разликата меѓу поезијата и она што не е поезија, без оглед дали ќе се објасни или не, се смета за основна; и, онаму каде што секој чувствува разлика, таму мора да има разлика. Сè друго што ни изгледа некакво може да е погрешен впечаток; но ако ни изгледа дека има разлика, тогаш навистина ја има. Изгледот, како и другите работи, мора да се должи на некоја причина; а она што може да предизвика нешто, дури и илузија, мора да биде реалност. Оттаму, додека полу-филозофијата ги презира класификациите и дистинкциите што се направени во популарниот јазик, високопоставената филозофија оформува нови, но ретко ги напушта старите, задоволна со тоа да ги поправи и регулира. Копа нови канали за мислите, но не ги затрупува оние на кои веќе наишла: напротив, ги следи, подлабоко, пошироко и појасно, оние во кои спонтано протекла мислата.
    Следствено, да се обидеме, со помош на скромно истражување, да не ја присилиме и ограничиме Природата во границите на произволна дефиниција, туку да ги најдеме границите што самата таа ги поставила и околу нив да изградиме ограда; да не ги повикуваме луѓето да се оправдуваат за тоа што погрешно го примениле зборот „поезија“, туку да се обидеме да го појасниме концептот што тие веќе го врзуваат со неа, како и да го истакнеме како јасен






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+