Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Критика

Insomnia

Расплетување на генеалошките јазли


/4
стр. 1
Ненад Јолдески

_______________________________________________________________________

Insomnia

Многу необичен потфат,
    Многу необична книга. Но, кој е авторот?
    Димитрие Дурацовски „Insomnia“

      
    „Insomnia“ најпрвин нè соочува со својот несекојдневен формат (22 см х 22 см), но и воопшто со своето специфично типографско и графичко решение. Ваквиот паратекстуалниот импулс уште на почетокот навестува влез во свет без јасно омеѓени граници и без стабилна подлога воопшто. Затоа „Insomnia“ е нешто помеѓу – во жанровска смисла пред сè . Но помеѓу што навистина е „Insomnia“?
      
    Пишувана за време на темпорално неодредена несоница, започната на 15 февруари 1999 година и завршена на 15 февруари 2000 година, книгата е годишен колаж од импресии, соништа, дописки, електронски пораки, стрипови, скици, „напластени баналности и ефемерности и тривијалности, куп испишана хартија, талог на минати денови, страници на залудни сеќавања…“ (Insomnia, 2001). „Insomnia“ е верна слика на душевната состојба на авторот, поглед фрлен врз себе си, врз светот, врз домот и огништето.
      
    Но, тоа не се мемоари – авторот е во средиштето на самото писмо, а не повлечен на маргините со цел објективно да си го рекапитулира животот.
      
    „Insomnia“ е годишен пресек прекус за да биде автобиографија.
      
    „Insomnia“ е токму онаков дневник каков што цитираниот Бланшо во самата книга го опишува: „…далеку од сите оние романтични задоволства. Дневникот не е суштинска исповед, приказна за самиот себе. Тоа е Меморијал… вистинитоста на Дневникот не е во интересните литературни забелешки кои се наоѓаат во него, туку во безначајните подробности кои го врзуваат за секојдневната стварност. Дневникот – таа, очигледно, сосема осамена книга – најчесто е пишуван од страв и мачнина од осаменост…“ (Insomnia, 2001).
      
    Автобиографијата, или во случајов автобиографски инспирираниот дневник на Дурацовски, е типично референцијално писмо, a замаглувањето на границата помеѓу фиктивното и реалното, во случај на автобиографија, е типичен пример за автофикционалност, а токму тоа е една од главните карактеристики на ова дело. Фикционализацијата на дневнички дискурс е она што „Insomnia“ можеби ја прави роман. Двојниот модалитет: рефернецијалниот и фиционалниот се преплетуваат во делото, верификувајќи го авторот и како наратор и како лик. Затоа „Insomnia“ еден вид одметничка биографија, со трансгресивна моќ која го надлетува жанрот. Таа е прекршок и дејствување против правилата на жанрот, таа го субверзира романот и го изневерува дневникот, но и читателот кој сака да однапред да знае каде чекори, без прекршувања, без недоследности, без инфракции.
      
    „Insomnia“ се измолкнува од немиметичките спреги на дневникот, од неговиот нефикционален свет и ненаметливо, но сосема изненадено, ја ангажира фикцијата, притоа бришејќи ја границата помеѓу реалното и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+