Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Критика

ПОТРАГА ПО ЉУБОВТА

Кон романот „Малечката Лили“ од Оршоја Карафиат


/3
стр. 1
Ана Мартиноска

_______________________________________________________________________

ПОТРАГА ПО ЉУБОВТА

    (превод од унгарски јазик: Златко Панзов, ИЛИ-ИЛИ, 2015)
      
    Со доверба кон реномето на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ и докажаниот литерарен вкус на нејзиниот уредувачки тим, поканата да ја промовирам книгата „Малечката Лили“ ја прифатив наслепо, немајќи поим која е Оршоја Карафиат и што таа пишува. Во таков случај, прво што можев да направам е да го прогуглам нејзиното име и иако најголемиот број на линкови беа на унгарски јазик, сепак, благодарејќи на Google translate, провокацијата беше речиси моментална.
    Имено, судејќи според критиката, од млад и надежен поетски талент Оршоја Карафиат многу бргу прераснува во „новата унгарска книжевна дива“[1], чија популарност се должи како на нејзините книжевни остварувања, така и на нејзината себе-промоција во шоу-бизнис манир, со живи презентации на своите дела, со видео-филмчиња како она што со кое ја најавува и својата последна книга, а во која ги глуми сите свои книжевни хероини, како и со фреквентно присуство во јавниот и медиумски живот во Унгарија, со настапи со нејзиниот поп-бенд, водење на ТВ шоу, сликање за насловни страници на модни магазини итн. На Карафиат не само што не ѝ пречи што ја нарекуваат таблоид-селебрити, туку напротив, тоа ѝ причинува забава и задоволство. Очигледно таа навреме сфатила дека книжевноста денес има потреба од слични пи-ар тактики кои произлегуваат од спецификите на глобализациската ера во која живееме, па така, преку сопствената игривост и посебност, Карафиат покажува дека да се биде истовремено популарна вамп жена и исклучително талентирана писателка чии дела (посебно поезијата) имаат сентиментални, меланхолични, дури и мелодраматични тонови, не е контрадикторно, туку може да биде комплементарно, стимулативно и прифатливо, и за публиката, и за критиката.
    По три збирки песни и еден роман, Оршоја Карафиат го пишува и романот „Малечката Лили“, кој ја продолжува нејзината (литерарна, но и животна) мисија да се бори против табуата и конвенционалните бариери со кои се среќава во општеството во кое живее. Прикажувајќи ни го животот на една жена (главната хероина Лиа) и жените во нејзиниот живот (нејзината средношколска професорка Мари, нејзината шефица на работа Лили, нејзината мајка и нејзината најдобра другарка), Карафиат не само што ни раскажува една интригантна интимна сторија од женска гледна точка – herstory, туку навлегува и длабоко во психологијата на женскиот универзум, во комплицираноста на младешките страдања, во светот на постојани диети, хистерични идиоти, помпезни роденденски прослави и анксиозни нарушувања, во апсурдната борба со потиснатата сексуална привлечност и проблематичните љубовни врски кои навидум допираат гранични односи на моќ врзани со

_____________________________________

1. http://www.fszek.hu/english/?article_hid=29089






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+