Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Проза

Коси од розoва волница

/6
стр. 1
Верче Карафилоска

_______________________________________________________________________

Коси од розoва волница

    Ќерка ми се вика Солза.
    Солза – како капката што ми виснуваше од крајчето на окото додека со стиснати заби ѝ давав род. Солза – како водицата во која ми се капеше насмевката кога првпат ѝ го стиснав телцето во рацете. Им го носи името на мравите кои сега сакам да ги пуштам да закапнат и да престанат да ми се тискаат како лепливи кнедли под клепките, ама не можам. Не можам. Оти слободна не сум. Оти слободна никогаш повеќе не ќе бидам.
    Кога ја родив мојата Солза, мислев дека нема поголема болештина на светот. Мислев дека кога тоа парчелдисување сум го издржала, ќе можам да издржам сѐ. Мислев дека секоја тегоба е проследена со радост, оти со Солза така бидна. Мислев многу нешта, ама никогаш не помислив дека крајот ми е близу, дека ме чека пред портите како верно куче. Денот кога почувствував како смртниот срп минува низ мене, видов како среќата на моите најмили замира како оддувана свеќа. Нивното скрбно јачење, додека со стиснати тупаници ми ги удираа ладните гради, ме раскина. Тука сум, им викав. Овде сум, повторував. Ама тие не слушаа.
    Телото ми го закопаа на градското почивалиште. После тоа немаше радост. После тоа не можеше да има радост.
    Четириесет дена и четириесет ноќи талкав без тело низ куќата моја. Бев секаде, а ме немаше никаде. Ми ја немаше сенката, ми го немаше одразот, не постоеше ни тропотот на мојот чекор. Навечер си легнував до мажот мој и го гледав како го брчка лицето в сон. Зборуваше во спиење, ми го довикуваше името. Тука сум, сакав да се јавам, ама немав уста за да испуштам глас. Се припивав поблизу до него, а тој се стресуваше од студ. Сакав да се сврти кон мене, да ми каже дека ме сеќава. Ама тој само ќе се допокриеше и ќе останеше свртен со грб, не доближувајќи се до мојата страна на креветот. Пред да осамне одев кај Солза в соба. Таа беше мала, сѐ уште непркнато главче. Клекнував до нејзиното кусо креветче и ја гледав како брзо позема здивчиња. Спиеше со устето отворено како расцепена калинка, завиена во косиче оросено со капки пот кои како китки од јоргован ѝ светкаа врз влакненцата. Солза саноќ преткаше, се бореше со некакви мори што ја измачуваа. Знаев дека јас сум виновна, дека дел од мене останал таму за таа да продолжи да ме гледа. Солза си го ронеше името врз






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+