Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Проза

Смртта на готвачот

/4
стр. 1
Оливера Ќорвезироска

_______________________________________________________________________

Смртта на готвачот

    А. беше готвач. Иако неговата професија се потпираше исклучиво на бастун од бројки и букви, а слободното време му се тркалаше на чувства, она што вистински го движеше како неповторлив човечки вкус во светот,.. беше готвењето. А. од дете мечтаеше да отвори ресторан и колку што мечтата му се измолкнуваше пред годините, толку вкусот на неговите јадења стануваше сѐ понеодолив. Дури магичен. Вистинскиот живот на А. се крчкаше токму на средната решетка во рерната на животот: одгоре беше професијата, оддолу беа чувствата. Одгоре буквите и бројките, оддолу болките.
      
    Уште како момче, А. најмногу ги прејадуваше оние кои најмногу ги сакаше. Додека мајка му месеше – тој гледаше, а кога ќе останеше сам – го поправаше она што таа пропушташе да го стори. На пример, лепчињата ги месеше подолго и поенергично, зашто мајка му не правеше секогаш така и потоа се чудеше зошто некогаш при печењето ѝ пукаат, а некогаш не. Навиваше саат колку да стасуваат прв пат, колку да надојдат втор пат пред да ги стави на печење. На точно определена температура, се разбира. До степен. Еднаш во потпржениот праз за во зелник стави ким и оттогаш неговата кујна замириса на другост и некако помамно и плотно, движечки повтежно, се отсели од семејната кујна. А. не беше роден за кујната сред која беше израснал, зашто во неа на гладта се гледаше само како на празна тава што треба да се наполни со што и да е… Тој на гладта гледаше како на копнеж. По него, се разбира. Копнеж на кој мораше да се одговори, да се возврати достоинствено и повеќекратно. Со страст.
      
    На неговата прва љубов, која патем речено беше помлада од него и ненаситна, ѝ приготвуваше два појадока, еден в кревет, друг на работната плоча в кујна, ручек на трпезариската маса, вечера на малото масиче покрај телевизорот во дневната и две ужини,.. каде било низ станот… На кревет, на под… А. речиси деноноќно готвеше и готвеше, од пржени половинки банана на путер сѐ до најобични старовремски макала со суви пиперки попарени со врел зејтин. Немаше нешто што А. ќе зготвеше, а таа да не ги изедеше до крај. И јадењето… и него. Година за година, тава по тава, цветчиња од шеќер во прав и ванила со вкус на портокал нарасени во чинијата покрај разни домашни колачиња, крофни и крофнички нанижани на стапчиња за раженчиња и полеани со темна чоколада со над 70% какао, грчки






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+