Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 105 | година  | јануари, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 105јануари, 2016
Звук Осврти

По патот на Елвис: Херцеговски зими и американски прерии

Превод од босански: Елизабета Баковска


/3
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

FOLK SINNER

    Пред нивниот квалитет да се препознае надвор од Канада, Cowboy Junkies објавија два албума во сопствената дискографска куќа, Latent Recordings. Токму Trinity Sessions беше оној кој ги заинтересира RCA, оној ист дискографски гигант кој своевремено го купи договорот на Елвис од Сем Филипс и неговата легендарна куќа Sun Records.
      
    И тука работите стануваат интересни, кога сфаќам како сето тоа се испреплетува и како преку Елвис и Cowboy Junkies стигам до Коен и реинкарнацијата на Тим Гибонс или неговиот другар Том Вилсон, кој е попознат како LeE HARVeY OsMOND.
      
    LeE HARVeY OsMOND е „обележан“ како ацид фолк проект на Том Вилсон, со помош на пријателите од бендовите Cowboy Junkies и Skydiggers. И Ли Харви и Тим Гибонс објавија албуми за Latent Recordings. A Гибонс глумеше во наградениот спот на Вилсон за песната I'm Gonna Stay That Way од првиот албум A Quiet Evil.
      
    Кога бев помлад, не можев да не ги споделувам своите музички откритија. Подоцна научив дека не секој се одушевува како мене, и дека треба да знам кога да се исконтролирам. Ама веќе при првото слушање на новиот албум на LeE HARVeY OsMOND, своето воодушевување морав да го споделам.
      
    Можно е да сум ги заборавил правилата.
      
    Еве само две реакции.
      
    Феѓа рече: „Ли Харви Осмонд ме прави дури и да се чувствувам секси.“, а Лука се надоврза: „Ли Харви Осмонд е одличен. Сфаќам, кога Коен дури сега би тргнал со музика, дали тоа некако вака би звучело!“
      
    Има ли нешто подобро од тоа кога некој близок ти ги чита мислите?
    
    Beautiful Scars
е албумиште и да, има тука некоа коенштина, дефинитивно го чувствувам она што го спомена и Феѓа, а што е најбитно, ни едното ни другото не е нападно, туку е онака токму, за сѐ уште да остане на себеси зацртантиот пат на ацид фолкот, т.е. на она што Том Вилсон е во инкарнацијата на LeE HARVeY OsMOND.
      
       https://youtu.be/OqyiRgDV6Lw

ТИМ ГИБОНС, ВТОР ПАТ

    Ако под закана на смрт морам да одговорам кој албум ми е најмил, многу е веројатно да одговорам Shylingo. И немаше многу да згрешам, оти, дури и кога сум најопуштен, тој е меѓу првите пет. А потоа, ќе преслушаш сѐ што работел Тим Гибонс пред и по тој албум, и никаде нема ни трага од она што толку силно ме врзало за Shylingo.
      
    Испадна дека Shylingo е спој на моменти додека Гибонс се одвикнувал од алкохол, и целосно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+