Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Критика

ОДБРОЈУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО КАКО РАСКАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

Кон книгата „3ʼ53ˮ (Интимна историја на музиката од 1984 до 2004 година)“ (Готен, 2015) од Берт Стајн


/3
стр. 1
Дарин Ангеловски

_______________________________________________________________________

ОДБРОЈУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО КАКО РАСКАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

    Дарин Ангеловски
      
    ОДБРОЈУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО КАКО РАСКАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

      
    (Кон книгата „3ʼ53ˮ (Интимна историја на музиката од 1984 до 2004 година)“ (Готен, 2015) од Берт Стајн
      
    Упатените веќе знаат дека необичниот наслов 3ʼ53ˮ под кој се обединети дваесет и една приказни, колку што содржи делото, според статистичките податоци на пребарувачот Гугл, претставува, всушност, просечно времетраење на една модерна песна. Според авторот, пак, 3 минути и 53 секунди е она просечно време, коешто му е потребно на читателот да прочита една од неговите приказни. Имајќи ги предвид овие основни податоци, она што привлекува внимание при читањето на автобиографската проза од Берт Стајн е неговата намера да ја скротува личната приказна во специфична временска капсула, што како постапка неодоливо напомнува на раскажувачката стратегија на одбројувањето на времето со која се служи Георги Господинов при структурирањето на неговиот расказ 8 минути и 19 секунди.[1] Станува збор за своевидна приказна на апсурдот, која се одигрува во текот на последното зајдисонце на светот, за време на осумте минути, колку што ѝ се потребни на светлината од сонцето да стигне до земјата и колку што, всушност, авторот на расказот му отстапува време на читателот да ја прочита приказната.
    Доколку прифатиме дека ова поигрување со формалната страна на раскажувањето кај Господинов е во функција на актуeлизирање на темата за соочувањето со „крајот на краиштата“, односно, со нашето замислено сфаќање за крајот на светот или со карактерот на неговата содржина, тоа, од своја страна, го овозможува повлекувањето на бројни интертекстуални референци кон некои мотиви и теми од други негови претходно објавени дела, дела создавани во сосема поинакви поетики (на пр. драмата Апокалипсата доаѓа во 6 вечерта (2009)). Од друга страна, имајќи ја предвид играта со авторството што ја презема Берт Стајн во случајот со 3ʼ53ˮ, ваквото сосредоточување кон творечкото минато на авторот, иако не е сосема невозможно, е прилично ограничено и стегнато, та она што преостанува да се каже произлегува не само од обликувањето на приказните според времетраењето на музичките хитови, туку и од фината симболичка спрега што се создава при меѓусебниот допир помеѓу ритамот на музиката и зборот.
    Сето тоа дозволува овој автобиографски испис, кој според својата жанровска одредница осцилира помеѓу роман, новела, расказ, да се разгледува во контекстот на двата слоја од коишто е составен. Едниот, имплицитно содржан во именувањата на посебните приказни според внимателно избрани „парчиња“ хитовска и андерграунд музика и другиот слој што експлицитно го развива гласот на раскажувачот.

_____________________________________

1. Господинов. Георги (2013) И всичко стана луна. Пловдив. Жанет 45, стр. 5-13.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+