Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Поезија

Поезија

Превод од босански: Ѓоко Здравески


/5
стр. 1
Дијала Хасанбеговиќ

ИГРА
МЕРА
ЗА ВЕРИТЕ
ФИЛТЕРИ
РАНИ

_______________________________________________________________________

ИГРА

    Кога ќе пораснеш темето престанува да ти мириса
    на туѓи дланки косата ги обраснува шевовите
    на черепот и плачот останува внатре зашиен
    засекогаш и излегува низ ноздрите и низ очи
    кога светот почнува да трепери во немир
    кога ти се затресуваат градите ти велат
    дека те боли душата – всушност кружи во тебе
    оној прв чист болен здив што никогаш
    до смртта нема да излезе надвор.
    Дедо ми, да, тоа дедо ми ми го рече
    мене кога имав пет години ми рече
    дека секој може да оди цел свој живот
    да оди, не да се вози, ако не оди на далечен
    пат човек треба да оди ако пред него
    не е вода и ако водата може да се гази
    и цел живот човек треба да пази
    низ нос од премногу болка да не му тргне
    плачот од черепот – кога боли, се стиснуваат заби
    вели дедо ми, кога боли се стиснуваат очи и се оди
    подалеку кога тагата ти ги откинува прстите ти истреси ги
    и продолжи да пипкаш по мракот со стапалата.
    Денес
    му одолевам на поривот со ноќи да седам
    и со очи да пребирам по косата на своите деца
    барајќи ги дедовите шевови да се уверам
    дека не го минал залудно животот
    со вовлечен здив и стисната вилица
    како нешто да трпи да се уверам дека нас никој
    едноставно не нѐ крпи и дека така стануваме
    луѓе и не знам зошто некој би помислил
    зошто некој некогаш би поверувал дека е тоа вистина
    ама јас поверував и сѐ уште секојпат
    во бес
    и секојпат
    во солзи
    кои ме учеше да ги задржувам а не да ги кријам
    јас чекам да ми излезе душата и да ме остави
    чекам во дланките да се здогледам
    себеси течен и топол и секогаш погледнувам во дланките
    по со тешка
    тешка мака избиени солзи – во дланките ништо
    освен плитки корита и устија.
    Никогаш не му реков дека залудно ги стиска очите дека
    залудно се мршти дека залудно се напрега да ги затвори сите
    отвори да ги затвори отворите да не излегуваат
    духови гласови солзи здивови залудно
    сфатив кога го чув првиот плач на своето дете
    дека одамна во нашите уши
    вриснал празвукот се разлеал пракрикот
    и им дал тон на сите наши слушања
    и дека се сите први врисоци исти дека се сите
    врисоци
    исти
    и од ужас и од восхит и од страв и смеа
    и дека стиснатите заби и стиснатите веѓи
    нѐ смалуваат дека нѐ погребуваат назад
    во раѓањето и дека е тоа моето откровение –
    на посмртната постела не можев да му ги затворам
    ширум отворените очи.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+