Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Поезија

Поезија

Превод на македонски: Игор Исаковски


/4
стр. 1
Алеш Дебељак

Ветување
На ретките пријатели
Пред престолот
Неделна дилема

_______________________________________________________________________

Ветување

    Не се обѕирам преку рамото, не се плашам,
    каде одам веќе не знам,
    паѓам како перце од перница,
    тонам низ попладневниот воздух,
    кој е вистинит како саат во самотија,
    како јасна, миризлива сила на лековито
    билје: зацелени се раните и сите сетила
    во согласие се збрани, мерка им земаат
    и на птиците, небото и преминот кон
    галеријата, каде на ѕидот, замачкан
    од долги години негрижа,
    ужасно голем графит со ракопис
    на дете порачува, бев тука.
    Не само тука, боже мој, само ти знаеш
    дека таму сум каде што најмногу
    сакаш, како денеска, на пример,
    кога лесна пена сум од бранувања,
    која ти ја потера преку Стариот плоштад,
    низ подземните паркиралишта,
    по насипите на мрзеливата, зелена река
    и преку масите за цртање и
    полетот на архитектите, за без
    предупредување и со едвај чујно
    „Дојди“ да плуснам преку брегот
    и заедно со штедрата темнина,
    која пулсира над метрополата и степата,
    да се спружам преку светот кој згаснува
    и на сите збунети ноќи сум им
    зглавје, кое ти го протресуваш.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+