Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Проза

ПРЕПОРАЧАНО ПИСМО

/4
стр. 1
Марио Стојаноски

_______________________________________________________________________

ПРЕПОРАЧАНО ПИСМО

    Не е важно кој/а сум, зошто сум, од каде сум и каков/каква сум и каде сум сега. Важно е дека најдов некои хартии или документи, кој ќе ги знае што се и сметам дека се од голема важност. Хартиите ги најдов во близина на паркот во општина Гази Баба, Скопје, во еден голем жолт плик. Не се обратив до никакви медиуми, бидејќи не верувам во нив, ниту пак некој знае за ова. Морам да кажам дека не ѝ/му кажав ниту на сопругата/сопругот, иако таа/тој има проблеми со мозокот и веднаш ќе заборави, така што не можете да ме тестирате околу ова. Исто така, никакви траги од мои отпечатоци нема да најдете на хартиите. Не можете да ме пронајдете на никаков начин, купив обичен тонер за мојот печатар со скенер и фотокопир, кој е исто така обичен. Залуден е секој ваш обид да ме пронајдете. Причината заради која сакам да останам анонимен/на е многу јасна: не сакам да бидам прогласен/а за некаков манипулатор, платеник од некоја политичка партија или пак фалсификатор, бидејќи сум сигурен/на дека веста за ова ќе биде спинувана на различни начини.
    Она што сакам да го појаснам е дека оригиналните документи се наоѓаат кај мене и немам никаква намера да ги предадам некому. Просто и едноставно, ќе си ги чувам кај мене како спомен, а пред да ја насетам смртта ќе ги уништам. Ако доживеам неочекувана смрт, а потоа документите бидат пронајдени, сакам да знаете дека ако сакав немаше да ви доставам копии од документите, така што јас сум газдата овде.
    Во прилог добивате копии од документите. Копиите се целосно веродостојни на оригиналот, без никакви измени, освен некои чкртаници. Имам деца, веројатно знаете како е, се учат да пишуваат, а јас сум ги заборавил на масата во дневната.

Куферот на Еманаторот

    – Ах, прекрасно – рече човекот, го стави својот еманат во една фиока и излезе.
    Надвор беше ноќ. Ноќта го пречека како свое дете прваче кое штотуку се вратило од првиот школски час и го опсипа со ѕвезди за добредојде. Човекот, со силна топлина во градите и чуден ритам зад ушите, како некој пулс, се движеше низ улиците и стигна во паркот. Седна на тревата и се потпре на месечината. Размислуваше за сите навреди во својот живот. За таа што му вдахнува небули во стих. Потоа се врати дома и еманираше. Пред да заспие слушна една песна, еден далечен






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+