Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Проза

Улогата на моето семејство во светската револуција

/3
стр. 1
Бора Ќосиќ

_______________________________________________________________________

Улогата на моето семејство во светската револуција

    Мама соши торбичка. На торбичката ги извезе буквите: „За весници“. Го извезе и тато, седнат на шолјата со стурнати панталони, чита. Везеното беше во три бои, за тато, за панталоните, за весниците. Тато на торбичката беше како жив, освен што, далеку од вистината, претставен е ќелав, најверојатно заради освета. Во торбичката ставаа весници исечени со големиот кујнски нож. Весниците ги сечеше дедо, а беа само оние кои тато веќе ги беше прочитал. Сето ова јас го обработив како домашна задача „Нашиот живот во клозетот и воопшто“. Мама рече: „Какво свинско школо е тоа кога сè вади на виделина, страшно!“ Јас ѝ одговорив: „Санкир мене некој ме прашува!“
    Мама се качуваше на прозорецот со крпа в рака. Тука висеше над дупката од три ката и ги бришеше стаклата. Дома врискаа, дедо сакаше да ја држи за нозете, една тетка падна во несвест. Тато ја праша: „Мораш ли да висиш дури миеш!“ Мама рече: „Морам!“ Мама вареше домати во големо тенџере за алишта, а тоа вриеше. Мама стоеше на столчето и оттаму го мешаше со долга кутлача, од далечина. Вујче велеше: „А ако падне во тенџерето!“ Доматите прскаа на сите страни, го валкаа ѕидот и нè гореа по прстите. Мама објаснуваше: „Шо да правам!“ Животот беше полн со опасности.
    Мама донесе една кокошка која креваше голема врева и оставаше пердуви по сета куќа. Едно време кокошката ја влечев на едно јаженце, а потоа мама ја фати за крилјата и ѝ ја отсече главата во клозетската шолја. Мама пушти вода, кокошката без глава се тресеше во едно ќоше и искрвави на топлинките на мама. Ова беше страшно, ама весело. Мама нареди: „Ајде да се оптегнат пердињата!“ Пердињата беа испрани и сè уште влажни, дедо и вујче ги фаќаа за краевите и ги тегнеа до смрт. Мама опоменуваше: „Не ми вредат ништо ако ги испокинете!“ Дедо се бунеше: „Како да сме на брод!“ Мама одговори: „Поарно ќе беше сама да си ја завршев работата, иако немам машка рака!“ Мама развлекуваше кори за пита, корите беа големи, се протегаа преку столчињата, воздухот се триеше, се слушаше шумот на сето тоа. Мама ги обеси кошулите на тато во бањата. Одгоре, од наводенетите ракави, капеше како порој, а дедо праша: „Да земам чадор дур серам!“ Мама ги редеше теглите со туршија по клавирот марка Bezndorfer. Теглите беа завиткани во шалови дури не се оладат, а клавирот од нив на средината






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+