Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Звук Осврти

Трансформациите на PJ HARVEY: Мојата зима среде лето!

/2
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

Црната коса на љубовта

    Поли Џин Харви (Polly Jean Harvey) е мојот блуз, мојата зима среде лето и пролетта во тоа исто лето. Поли Џин се трансформира кога ќе посака, секогаш под кожата, на усната, под јазикот. Најрадо само би ги наброил нејзините песни и нивните верзии, па да исчезнам нем во мракот. Што и да кажам, знам дека нема да биде доволно.
     Не жалам што некои сеќавања се матни. Од некои сеќавања останува само песната. Предизвикувачки фустани и движења на телата. Над градот во кој живеам често прелетуваат хеликоптери во низок лет. Понекогаш ми се чини дека можам да ги погодам со камен. Ама прстите само ќе ја допрат земјата и ќе ја помилуваат. И ќе се сетам на песната. Пи Џеј Харви и Том Јорк (Thom Yorke).
       Што е поголемо, да ја напишеш The Mess We're In или да го инспирирап Кејв за Boatman's Call? Како и секогаш, зависи од која агол ќе решиме да ги гледаме нештата, оти се работи за многу болка. Знам! Најголемата работа е Oh My Lover и фаталното предавање на она што мислиме дека е љубов. На крај, љубовта е и токму таква каква што ќе ја смислиме.
    Oh my lover (Peel)

Марија Магдалена

    Поли Џин Харви многу лесно го спојува рокенролот и телесноста во нешто сосема неразделиво, нешто што своите корени ги има во блузот кој таа го сакала како девојче, а тој за возврат никогаш не ја напуштил. И тоа се гледа, се слуша, се чувствува. Во нејзините движења сѐ се испреплетува во комбинација која заслужува ореол.  
    Беше одамна која една Французинка ми ги откри филмовите кои ги режирал Хал Хартли (Hal Hartley). Првиот кој го гледав беше Simple Men. Шест години и четири филма подоцна, Хал го сними The Book of Life. Беше крајот на деведесеттите, сосема згодно време за филм за крајот на светот. Во него Пи Џеј Харви е Марија Магдалена, а Исус го глуми омилениот глумец на Хартли, Мартин Донован. Него го засакав уште од Simple Men. Инаку, Мартин имаше одлично режисерско деби пред неколку години со филмот Collaborator. За жал, без Поли Џин.
     The Book of Life е снимен како еден од филмовите за циклусот со кој се слави влезот во новиот милениум. Исус и Марија Магдалена стигаат во модерниот Њујорк да ги израмнат сметките со Земјата и уште еднаш да го решат прашањето на апокалипсата. Во самото финале се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+