Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 106 | година  | март-април, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 106март-април, 2016
Галерија Осврти

АНОМАЛИИ: Не-дисциплинарни естEтички конструкции - Политики и граници на интерпретацијата Самостојна изложба

/2
стр. 1
Владимир Јанчевски

_______________________________________________________________________

АНОМАЛИИ: Не - дисциплинарни (ест)етички конструкции / Политики и граници на интерпретацијата
    Самостојна изложба

(Иницијатива КООПЕРАЦИЈА, Скопје, 24-28 јуни 2014)
    Изложбата „Аномалии“ во основа се занимава со различни аспекти на сложените меѓуодноси помеѓу сликата и текстот, во насока на дефинирање и анализа на граничните позиции и точките на вкрстување на овие два доминантни претставувачки модуси кои се истовремено и комплементарни и спротивставени, но секогаш меѓузависни.
    Делата, разработувани наизменично во периодот 2011-2014 година, се конципирани како „дијаграми“ за методолошка разработка на рефлексии кои се однесуваат на вербалното и визуелното, и истовремено се „во постојана потрага посвојот дискурс“, наоѓајќи се во меѓузоните на визуелната уметност, теоријата на уметноста, ликовната критика, историско-уметничката херменевтика, критичката теорија, визуелните студии и теоријата на сликата.
    Една од појдовните точки е тезата дека уметноста, особено по енормната екстензија на опфатот на нејзиниот поим, како модел за не-дисциплинарност, е позитивна и неопходна системска „аномалија“, особено кога се става во функција на демаскирање на општествените не-правилности кои наметнуваат нормативност.
    Во ерата на енормна презаситеност од сликата и нејзината апсолутна доминација наметната преку развојот на технологијата, период дефиниран како „иконички/сликовен пресврт“ (pictorial/iconic turn), и време на интензивирање на пост-продукциските обележја на уметноста, идејата е да се потенцира важноста на контролата при процесот на сигнификација и оттука авторската одговорност во изборот. Притоа се поставува прашањето дали доменот на современата уметност може да биде солидна база за развој на „новата иконологија“ која би ги приближила одвоените домени на теоријата и праксата, заснована на цикличен процес на генерирање на „слики“ кои самите ќе бидат процесирани како предмет на анализа и дополнително ќе генерираат нови кои ќе излегуваат од првично поставената рамка.
    Врската помеѓу интересот и изборот на практики кои во основа се игри базирани на алтерации, вкрстување на кодови, а посебно за анаграмите и концептот за границите на интерпретацијата, не е случајна. Така, анаграмското дестабилизирање присутно во „Анаграмскиот логички квадрат“ конструиран врз еден конкретен бином (предавник – патриот), е насочено кон проблематизирање и одбивање на упростената бинарна логика која се наметнува како општествена норма на различни нивоа.
    Најчесто интервенциите во делата се сведуваат на дестабилизација на едноставни постоечки иконографски решенија и текстуални конструкции, но такви кои се насочени кон изложување на нивниот потенцијал за „контра-ефект“. Тоа се рефлектира и во односот помеѓу сликите и насловите како базична текстуална рамка, истовремено користејќи ги за тематизирање на некои од сложените општествени феномени како што е тенденцијата на доминантниот дискурс кој ја „профилира“ нашата стварност („Конструкција за класичен капител“, 2013), „Проблемот со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+