Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 107 | година  | мај 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 107мај 2016
Критика

ПЛУРАЛНОСТА НА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ПОЕТСКИОТ СВЕТ НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

/4
стр. 1
Гоце Смилевски

_______________________________________________________________________

ПЛУРАЛНОСТА НА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ПОЕТСКИОТ СВЕТ НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА

    (Кон поетската збирка „Црно на бело“ од Лидија Димковска, издание на Или-Или, Скопје, 2016)
      
      
    Поезијата на Лидија Димковска секогаш ја имала онаа специфична особина да биде горливо актуелна, а во исто време, таа своја карактеристика на актуелност да не ја изгуби подоцна, години по испишувањето и објавувањето, туку да ја сочува благодарение на својата универзална димензија. Тоа е затоа што Димковска ја изнесува суштината и кога преку стиховите говори за јас и за најличното, и кога говори за Другиот и за најуниверзалното. Во своето истражување на светот отворен пред поетскиот субјект, низ соочувањата со Другиот, и со релациите кои се јавуваат при таквите средби со Другоста, во песните на Димковска од нејзината најнова поетска збирка „Црно на бело“ стануваме сведоци на една поинаква перцепција на реалноста, еден свет идентичен на оној кој го имаме секој ден пред очи, но овој пат виден низ визурата на номадскиот субјект, кого Роси Браидоти во своето дело „Номадски субјекти“ го дефинира како субјект во постојан процес на (себе)трансформација, како „ротирачка прогресија кон деконструирање на идентитетот; молекуларизација на самите себеси“ (Браидоти 2002, 27). Во тоа патување низ себе и низ светот, преку тоа придвижување по траекторијата на патувањето и преместувањето, поетскиот субјект во песните на Димковска ги обединува просторите и времињата, настаните и луѓето. Притоа, токму при таа молекуларизација на самиот себе, поетскиот субјект развива особена сензитивност за оние кои се присилени на преместување, на дислокација. Песните од „Црно на бело“ допираат некои од најболните точки на бегалската криза со која светот се соочува последниве години, и на суптилен, а во исто време жесток начин, го тематизира егзилот преку своите стихови. Едвард Саид го претставува човечкото суштество во еден вид симбиотска врска со местото на неговото раѓање, а егзилот како „неизлечлива пукнатина отворена меѓу едно човечко суштество и неговото родно место, меѓу себството и неговиот вистински дом“ (Саид 2001, 173). Низ таа пукнатина се раздробува и животот на откорнатикот, па така поетскиот субјект во една од песните на „Црно на бело“ вели:
    „Знаеш, добро знаеш како животот се претвора во отпадок,
    Но не знаеш како овие отпадоци да ги претвориш во живот.“
    Оваа драматична состојба не ја прекинува врската меѓу родното место и оној кој заминал од него: физичката оддалеченост најчесто предизвикува уште поголема приближаност на едно друго рамниште, егзилот раѓа во егзилантот чувства кои постојано ќе го навраќаат на родното место, а „неговата есенцијална тага






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+