Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 107 | година  | мај 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 107мај 2016
Звук Осврти

ПРЕД ДА ГИ ЗАТВОРИШ ОЧИТЕ: ТИНДЕРСТИКС

Превод од босански: Елизабате Баковска


/3
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

СОНУВАЧИ ВО ЧЕКАЛНИЦАТА

    Понекогаш ме стигнува сознанието дека веќе ја нема музиката која ме придвижува. Дека се потрошила, и дека новото време донело нови медиуми и нови начини на изразување, а дека музиката ја плаќа цената за тоа. Или, уште полошо, дека јас сум се потрошил, дека сум постар и гладен за поинаква енергија кој сѐ уште ми е непозната. Или, најлошо, дека хемијата меѓу нас веќе не постои.
      
    А потоа ќе ја слушнам „Ние сме сонувачи“! Магија на дело! Тиндерстикс се сонувачи, во тоа никогаш не сум се сомневал, а оваа песна е химна. Дуетите се стара специјалност на Тиндерстикс. Прво на памет ми паѓа Travelling Light, со Карла Торгесон од Вокабаоут… или A Marriage Made in Heaven со Изабела Роселини.
      
    А дури Ласа Де Села… Со неа прво ја снимаа песната Sometimes it Hurts , за подоцна Стуарт да ја повика да учествува на неговиот втор соло албум. Резултат е срцеубиствената песна That Leaving Feeling. Една од оние кое често себе си ги забранувам. Својата последна соработка со Тиндерстикс Ласа не ја доживеа, како што ни Џејмс Дин никогаш не стигна да го види својот последен филм. Филмост се викаше Џин, а песната е Hey Lucinda.
      
     Traveling Light

ВОЗЕЊЕ

    Никогаш не научив да возам кола. Се обидов еднаш, и не ми одеше. Подоцна се покажа дека грешките не биле сосема мои оти старата Лада Специјал не била многу исправна. Но, тоа искуство сосема добро ми дојде возачката дозвола да ја пречкртам од списокот на нештата што требаше да ги направам. А ни желба за возење веќе немам. Освен кога ќе ги слушнам Тиндерстикс.
      
    Има нешто во нивниот тркалачки звук, нешто што го имаа и пред да станат Тиндерстикс, додека се викаа Asphalt Ribbons. И тука не мислам само на гласот на Стуарт Стејплс. Нешто друго е во прашање, севкупната магија која ја правеа, особено на раните албуми.
      
    На пример, една песна од албумот Simple Pleasure секогаш ме тера да го зграпчам воланот што го немам. Откако првпат ја слушнав Before You Close YourEyes
    ми го буди тоа исто чувство: желбата да седнан во првиот автомобил и да возам, да возам, да возам. Во далечината, во самракот, во неповрат, во она што нѐ чека по отсонуваното. Со почетните тактови на песната заминувам таму.
      
     Rented Rooms

СТРАСТ И ЉУБОМОРА

    Она што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+