Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 107 | година  | мај 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 107мај 2016
Галерија Осврти

Глигор ЧЕМЕРСКИ – Гиче

Кавадарци, 1940 – Скопје 2016


/1
стр. 1
Соња Абаџиева

_______________________________________________________________________

Глигор ЧЕМЕРСКИ – Гиче

    Еден од духовните наследници на големиот Никола Мартиноски е сликарот Глигор Чемерски. Со дискурс во контекст на неговата возраст, вкусот на генерација и расположението на времето, создава во рамките на новата фигурација, тогаш актуелна во некогашна СФРЈ. Со нагласена колористичка палета, во почетокот со блага диференцијација на плановите и со меки тонски нијанси (Коза 1963, Чуварот на гнездото 1964, Летен пламен 1968, Момче и коза 1969) го воспева идиличниот свет на вегетацијата, фауната и (човекот) детето. Нагонот на задоволството, дисперзиран низ игрите, ората и танцувањата, мотивирани од паганските/митолошките празнувања, се трансформира во вистинска метафора на животот. Еротската обоеност на атмосферата (Самрачно оро, 1975, Сатир 4 1979, Бавча на љубовта 1982) и сладострасните пулсирања на играорците ги повторуваат и обновуваат времињата во кои исполнетоста и среќата господареле со природата. Оттука и оптичката структура на платното не ги издвојува плановите (фонот од предниот план), напротив тие конвергираат на дводимензионално рамниште. Линеарните игри врз платното (како и нивното самостојно опстојување во графиките, мозаиците и цртежите што ги создава пaралeлно на платната со масло или акрилик), без разлика на интензитетот, ја неутрализираат илузијата на длабочината. Нагласеното сонување, естетиката на сензуалното, хронолошки се совпаѓа со оликовувањето на темите посветени на македонската религиозна иконографска традиција, особено сцените на оплакувањата од манастирот Св. Пантелејмон во Нерези (Ангелот од Курбиново 1982, Оплакување 1995). Истата ликовна семантика се применува и во делата инспирирани од големите мајстори (Рембрант, Учело). Модернизмот за Чемерски не е дојден до крајната точка – не е завршен проект . Користените цитати од историјата на сликарството се само постмодернистички доблести. Како поинаку да се сфатат оплакувањата, светците и мачениците во неговите слики, освен како желба за допир на почетната вистина? Ликовната претстава, верувачка во сликарската онтологија, со повикувањето и нагласувањето на некогашниот плач, на Нерешката парадигма, е минување низ пургаториумот на историјата на цивилизацијата за да се обнови личната и колективната свест. Потрагата по примордијалното пробива и во слоевите на психолошката структура на егото, сè до дното на сопственото раѓање.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+