Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 107 | година  | мај 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 107мај 2016
Галерија Осврти

Поглед од прозорец

/2
стр. 1
Валентино Димитровски

_______________________________________________________________________

Поглед од прозорец

    Уметничкиот исказ на Роберт Јанкулоски може слободно да се подведе под синтагмата и под метафората „поинаков поглед“. Овој наслов, позајмен од долгорочниот проект на Македонскиот центар за фотографија, упатува на едно дејствување во осиромашеното поле на „уметничката автентичност“ денес, пополнето со мултипликативно користење на фотографскиот медиум, погоден за креирање на разнообразни наративи. Во рамките на ваквото позиционирање на уметничкото дејствување кај нас, Јанкулоски во своите проекти перманентно опстојува на заземањето позиција на „поинаков поглед“, инсистирајќи на поместување и децентрирање на структурите што ја обликуваат препознатливоста на стварноста но и на фотографската слика. Поаѓајќи од етаблираните визуелни наративи тој се вгнездува на периферијата на истите и „паразитира“ во задоволството од поинаквото гледиште.
    Од поодамна е констатирано дека концептуалната матрица на неговите проекти се сведува на два основни модуса на уметничкиот исказ. Првиот е дистанцирано упатување на сегментите на актуелната општествена стварност во манирот на една констативна „ангажираност“ (во оваа димензија се профилирани неговите проекти „Си Ју Си Ми“ од 1998 и „12 сребрени војници“ од 2001). Вториот модус се остварува во користење на мали наративни искази во една атмосфера на интимна инсценација на субјективноста, највпечатливо присутен во повеќе негови проекти: „Да ги зачуваме спомените“ од 2000, „Движење” од 2009, „NATURA MORTA“ од 2010, заедно со Моника Мотеска и други. Со овој модус во конципирање на делата Јанкулоски секогаш инсценира позиција на мало (минимално) празно место од коешто се одмотува нарацијата на исказот. Тоа „празно место“ е парадоксално и „паразитско“, иако е основниот „наратор“ кој го овозможува одвивањето на разновидните приказни: во „Да ги зачување спомените“ тоа е фотографскиот реквизит – столица, во „Движење“ тоа е невидливото во зголемениот фотографски и филмски кадар, додека во предметниот проект, „Поглед од прозорец“, тоа е невидливиот прозорец од којшто се нижат наративните сегменти на погледот. Токму овој статичен пункт дејствува како психоаналитичкиот „прошивен бод“ што од еднодимензионалниот поглед профилира разнообразна инсценација на глетката.
     Проектот „Поглед од прозорец“ е реализиран во 2012 година во Париз, а е инспириран од истоимената фотографија на еден од пронаоѓачите на фотографијата и на фотографскиот медиум, францускиот фотограф Жозеф Нисефор Ниепс. Станува збор за првата регистрирана фотографија направена како поглед од еден прозорец, со глетка на приградска панорама. Оваа исклучително важна фотографија – хелиографија од 1826 и првиот регистриран поглед на „објективната стварност“ со медиумот во оформување, Јанкулоски ја зема за појдовна точка при неговиот студиски престој во Париз, поставувајќи свој пунктуален агол и поглед на една






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+