Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 107 | година  | мај 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 107мај 2016
Проза

Телото во кое треба да се живее

(извадок)


/4
стр. 1
Петар Андоновски

_______________________________________________________________________

Телото во кое треба да се живее

По лицето ѝ се слеваат капки пот. Големи, тркалезни, во форма на зрнца грашок ѝ капат врз очите. Погледот ѝ е заматен. Чекорот ѝ е тежок. На грбот чувствува ужасен товар како да има претешка вреќа. Едвај дише. На улицата нема никој. Па и кого би имало на толку жешко време. Целото тело ѝ се лепи. Никогаш не ѝ било толку многу жешко. Воздухот е редок и влажен, на моменти добива напади на задушување. Во еден миг облеката ѝ станува неподнослива и ѝ доаѓа да се расоблече и да влезе во некоја вода. Трафиките се затворени, не може дури ниту да купи вода за пиење. Не може да се сети кој ден е, зошто луѓето ги нема никаде? Наеднаш влегува во зоолошката градина, но таму ѝ станува уште понеподносливо. Уште поголем бран топлина ја заплиснува од толпата што се движи накај неа. Во еден миг сфаќа дека сите одат накај излезот – единствено таа се движи кон внатрешноста. Мирис на застоена вода почнува да ѝ ги чешка ноздрите. Спарнината најверојатно доаѓа од таму. Милион мушички ѝ се лепат на испотеното лице. Со раката се обидува да ги растера, но и на рацете почнуваат да ѝ се лепат. Од некаде се слушаат патки кои крекаат. Најверојатно се во барата. Мајки со деца се туркаат во неа. Сè повеќе станува неподносливо. Додека се обидува да се пробие низ толпата, здогледува една руинирана зграда на која стои натпис: „Забранет влез. Објектот се реновира.“ Зградата ѝ се чини како единствен спас. Влегува внатре. Ладно е. Освен мирисот на свеж малтер, воздухот е чист. Ладен бран ѝ поминува по телото и се стресува од студ. Тивко е. Нема никој, дури ниту мајсторите кои според мирисот на свежиот малтер тука биле до пред малку. Во еден агол на објектот здогледува кафез во кој лежи тигар. Кога ја виде, тигарот почна да рика гласно. Од кафезот се шири мирис на свежо месо. На крв. Чувството на неугодност повторно ѝ се враќа. Премногу е студено, мирисот на крв станува сè поостар и поостар. Тигарот непрекинато рика, во секој миг може да го сруши привремениот кафез и да излезе да ја растргне. Почнува да трча низ еден долг ходник. Како што трча, така врз главата ѝ паѓаат цели делови малтер. На крајот од ходникот налетува на уште еден кафез во кој лежи лав. Кога ќе ја здогледа, и тој почнува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+