Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 108-109 | година  | јули-август, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 108-109јули-август, 2016
Есеи

Историја на сексуалноста

I: Ние, Викторијанците


/9
стр. 1
Мишел Фуко

_______________________________________________________________________

Историја на сексуалноста

    Превод од француски јазик: Владо Ефтимов
    (Copyright © за македонското издание издавачки центар ТРИ)
      
    Според некои општи уверувања, долго време го поднесувавме, а дури и денес го трпиме викторијанскиот начин на живеење. Срамеживата лицемерна богомолка стои на грбот на нашата сексуалност, воздржана, нема и лицемерна.
    Се вели дека во почетокот на XVII век сè уште постоела определена простодушност. Исполнувањето на верските обврски не барало ни најмала тајност; зборовите се кажувале без премолчување, а работите се именувале без премногу заобиколување; со недозволеното била воспоставена толерантна блискост. Нормите за недоличното, за непристојното, за бесрамното биле мошне лабави во споредба со оние од XIX век. Непосредните постапки, разговорите без срамење, видливите престапи, разголените тела што се изложуваат на туѓи погледи и лесно се сплотуваат, слободните деца што безгрижно и бесрамно талкаат меѓу насмевките на возрасните: тела што ја распослале својата заводничка моќ.
    На овој јасен ден, се надоврзал краток самрак, кој им го отстапил местото на едноличните ноќи на викторијанското граѓанство. Тогаш, сексуалноста била внимателно затворена. Вовлечена во семејниот дом. Ја присвоила брачната заедница. И целосно ја претопила во сериозна задача на размножувањето. За половоста се молчело. Брачниот пар, легитимен и со родителска обврска, ја наметнувал својата волја. Тој се наметнувал како модел, се здобивал со вредност на норма, ја задржувал вистината, си давал право да зборува, оставајќи го за себе начелото на тајната. Во општествениот простор, како и во секој дом, на признатата сексуалност ѝ било отстапено само едно, но полезно и плодотворно место: спалната соба на родителите. Останатото морало да исчезне; конвенцијата за однесувањето ги одминувала телата, пристојноста во зборувањето ги прочистувала разговорите. А неплодноста, доколку станела премногу нагласена и забележлива, се претворала во анормалност: таа се прогласувала за таква и морала да ги понесе последиците.
    Она што не било подредено на создавањето потомство или приспособено на таа задача, повеќе немало право на постоење. Ни право на глас. Наеднаш, тоа било протерано, порекнато и сведено на молчење. Тоа не само што не постоело, туку не смеело да постои и се спречувало секое, дури и најмало негово пројавување – во постапките или во зборовите. Добро е познато, на пример, дека децата немаат пол: причина да им се забрани половоста, причина да им се брани да зборуваат за неа, причина да се затвораат очите и да се затнуваат ушите, секогаш кога тие ќе ја откријат и покажат, причина да се наметне општо и отворено молчење. Таков е белегот на репресијата, и по






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+