Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 108-109 | година  | јули-август, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 108-109јули-август, 2016
Проза

Годишни времиња

/4
стр. 1
Јулијана Величковска

_______________________________________________________________________

Годишни времиња (извадок)

    Црвено јајце. Првото црвено јајце бојосано за Велигден и ливче од цвеќето Здравец, за здравје, ми беа придружници на моето прво самостојно капење. Мама ми рече: „Со јајцето прво ќе ги погалиш образите за да си убава, здрава и румена, за да се мажиш, па потоа по телото, за да не те боли ништо. Потоа, истото повтори го со цветчето. Остави ја вратата отклучена, да не ти се случи нешто.“ Не послушав. Вратата ја заклучив и дури и ставив крпа на кваката за никој да не ѕирка. Се капев сама. Лежев во кадата. Ја поднаполнив со вода, но не доволно, за да ме покрие целата. Се плашев од водата. И денес се плашам. Не ја разбирам и не ѝ верувам. На училиште ми рекоа дека е најмоќна. Дека карпи рони, дека менува релјефи, дека ние сме создадени од вода. Беше тоа премногу за мене. Со таква сила не умеев да се справам. Доволно тешка ми беше водата во мене. Дознав, години подоцна, дека зависно од опкружувањето и гласовите околу неа, водата ја менувала својата молекуларна структура. Тоа многу објасни. Зошто останав малечка, зошто ретко пијам вода и зошто моите бубрези беа болни. Но најмногу од сè, зошто носев таков хаос во себе. Мојата вода не слушаше класична музика, не слушаше пријатни и топли мајчински гласови наутро, не слушаше доволно татковски совети навечер, но слушаше Rage against the machine со брат ми:
    Fuck you I won’t do what you tell me
    Fuck you I won’t do what you tell me
    Mother fuckeeerrr!!!

      
      
    Ви велам, не беше тоа добро за мојата вода, но некако тогаш пријатно брануваше.
      
    Најчесто беше смрзната, во таква лошо спакувана несиметрична молекуларна состојба. Се топеше на руски бајки и филмови со принцеви и принцези. Еднаш, во едно далечно кралство си живееше една девојка, сиромашна или не, сепак, длабоко несреќна сè додека не се појави принцот или ќелешот, но секако, моќен шармер, интелектуалец и циник во дозволена мера и ќе ја извлечеше младата од нејзината мизерија. И потоа „ди енд“. Е не може баш така. А потоа? Што потоа? Како ѝ било на младата со принцот? Дали била среќна со него? И дали биле, еве да речеме, сексуално компатибилни со принцот? Читав некаде: машките и женските полови органи имаат различни димензии. Абе, шрафче и мутерче, просто како грав. Е, што ако шрафот на принцот не одговара со принцезиното мутерче? Никој за тоа не се грижеше, а






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+