Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 108-109 | година  | јули-август, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 108-109јули-август, 2016
Проза

ВИКАЈТЕ МЕ ЕСТЕБАН

/7
стр. 1
Лејла Каламуиќ

_______________________________________________________________________

ВИКАЈТЕ МЕ ЕСТЕБАН

Превод: Ѓоко Здравески

Моето прво лето на море по војната. Јас и мојот седумгодишен роднина Харис, кому му е ова прво одење на море. Ученичкиот одмор во Мал Дрвеник го организираше неговото школо. Останатите првачиња се дојдени со мајките, Харис е дојден со мене. Еби му мајката, само така можеше. Мајка му Мелида работи во супермаркет, без слободни денови, без викенди. Од нејзиниот труд и од пензијата на дедо живееме сите. Летувањето ќе го плаќаме на рати. Битно е дека е тој тука, со другарите и со учителката.
    Јас сум прва година на факултет. Филозофија, книжевност… Добив голема соба што мириса на лаванда. Во куферот имам повеќе книги отколку гаќи. Што ќе прочитам се насобира во мојата глава како дождоносен облак готов да се истури и истопи во жештината на денот.
    На плажата, мајките одмораат во глутница. Пијат кафе, лижат сладоледи, им подвикнуваат на децата. Зборуваат, зборуваат… Кога ќе ме видат со книга в рака, се насмевнуваат благо, меланхолично. Не им ги разбирам насмевките. Јас ним им се насмевнувам срамежливо, па брзо-брзо го задлабочувам погледот во хартијата и буквите. Размислувам за една мајка што си го изгубила синот.
    Беше тоа во филмот „Сè за мојата мајка“. Таа, Мануела, го имаше својот Естебан, кого на неговиот роденден го усмрти автомобил. Естебан сакаше да напише роман за својата мајка, а Алмодовар сними филм во кој мајката си го оплакува синот. Филмот го гледав во киното Meeting Point. Таа вечер се упатив право дома. Се качував по стрмната улица во старата населба, кон својата куќа без мајка. Пред очи ми трепереше ликот на Естебан. Го видов накиснат, во ветровка и фармерки, со влажниот нотес во раката. Улицата по која газев се вика Широкац, и баш е стрмна. На врвот на улицата застанав да земам здив. Штом здивнав, се свртев кон низината. Градот тонеше во мрак, а мене на памет ми падна: што би било мајка ми денес да беше жива, а да умрев јас таа дамнешна ноќ, пред седумнаесет години?
    На плажата сонцето пржи. Во боровата сенка, мајките се ладат со ладала. Пот им тече по вратот, бутовите им се мокри, гласовите сè потивки. Децата дивеат по жешките камчиња. Се гаѓаат, се бркаат, учителката вреска по нив. Нема-нема па некое дете без дозвола ќе влезе во плиткото, ќе ги накваси нозете, рацете, ќе се сврти кон брегот и ќе им се исплази на останатите. Учителката ќе потрча по него, мајките ќе викнат.
    Соништата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+