Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 108-109 | година  | јули-август, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 108-109јули-август, 2016
Критика

Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста

/3
стр. 1
Едмунд Вилсон

_______________________________________________________________________

Роман што донесе одлични сексуални сцени во книжевноста

    Превод: Калина Малеска
      
    Овој убав роман на Д. Х. Лоренс приватно се печатеше во Фиренца, тешко се наоѓа и скап е да се купи. Штета што е така зашто ова е веројатно една од најдобрите книги на Лоренс. Што се однесува до еротските и неконвенционалните аспекти на Љубовникот на Леди Четерли, заради кои е невозможно книгата да се продава, освен „под тезга“, за нив ќе кажам нешто малку подолу. Но, Љубовникот на Леди Четерли е многу повеќе од приказна за една љубовна врска: тоа е алегорија за повоена Англија.
    Леди Четерли е ќерка на Р. А., привлечна и паметна девојка, која е омажена за англиски земјопоседник од јагленокопите во централна Англија. Сер Клифорд останува инвалид во војната и се враќа на семејниот имот, среде распадот и невработеноста во индустриските гратчиња. Најпрво се преокупира со книжевност, се меша со лондонските припадници на книжевни кругови и објавува раскази, „остроумни, малку саркастични, а сепак, на некој мистериозен начин, бесмислени“; подоцна, со срце и душа се посветува на обидот да ги реактивира јагленокопите со употреба на модерни методи: „штом почнеш некое истражување во полето на ископување јаглен, ги проучиш методите и средствата, ги проучиш пропратните производи и хемиските можности на јагленот, длабоко ќе се изненадиш од ингениозноста и речиси необјаснивата интелигенција на модерниот технички ум, небаре самиот ѓавол им дал ѓаволски добар ум на техничките научници. Оваа техничка наука е многу поинтересна од уметноста, од литературата, од кутрите емотивни полуразумни нешта.“
    Но Сер Клифорд, како последица на неговата делумна парализа, се наоѓа во истата несреќна ситуација како и јунакот од Сонцето одново се раѓа; а во меѓувреме, Леди Четерли започнува љубовна врска со ловочуварот – кој и самиот е дете на работници во јагленокопите, но е образован човек, кој се искачил до скалилото на поручник за време на војната, а потоа, поради губење на илузиите и инертност, спаднал на својот поранешен статус. Бидејќи Сер Клифорд самиот не е способен да има дете, меѓу него и неговата сопруга има разбирање дека тој ќе го прифати нејзино вонбрачно дете како свој наследник. Но Кони најпосле стигнува до точка кога чувствува дека веќе не може да го поднесе Сер Клифорд, со неговиот инвалидитет, неговата стерилна интелигенција и неговата тврдоглава класна свест: таа се вљубува во ловочуварот; и кога најпосле дознава дека ќе има дете, таа го остава својот сопруг и бара развод. На крајот останува отворена можноста госпоѓата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+