Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 108-109 | година  | јули-август, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 108-109јули-август, 2016
Критика

ТРОЈЦАТА ЕСТЕБАНИ НА ЛЕЈЛА КАЛАМУИЌ

/2
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

ТРОЈЦАТА ЕСТЕБАНИ НА ЛЕЈЛА КАЛАМУИЌ

Превод: Ѓоко Здравески  

Првата работа на која помислив по читањето на последниот расказ и затворањето на книгата од Лејла Каламуиќ е прашањето од воведниот расказ. Го изговорив гласно: „Што ми е мене машината за пишување?“ Потоа се прашав на која машина за пишување треба да мислам додека се прашувам тоа. Машината за пишување на мајка ми, на љубовта, на психијатријата, на поетесата што одамна зад себе ја оставив… Секоја за себе во себе впила безброј приказни. И со ќеф би ги раскажала сите. Мојата машина за пишување веќе со години ме посматра од највисоката полица на орманот и како да прашува: „Зошто ме влечкаше до Никарагва кога завршив овде, по сè што поминавме…“ Станаа ли тие машини наши неми сведоци? Тоа ли е она што ни е потребно откако минатото ќе ги убеди спомените дека е доста и дека смртта од наша страна се зголемила и не изгледа толку голема… А потоа, доаѓа време на хартија да се истури она најмрачното, за секого и за сите барем по една приказна. И јас се фаќам како лесно читам за тие нејзини најтешки моменти, кои Лејла Каламуиќ ги опишала. Силата на контрастот ме остава без здив.
    За сè што ми е битно постои музика. Тоа е посилно од мене. Тоа само од себе се реди пред да сфатам дека можеби сум имал право на глас. Читајќи го „Естебан“ од Лејла Каламуиќ ја чув Нина Симон. Не беше тоа определена песна. Можно е дури да беше песна што никогаш порано ја немав чуено, за која многумина би рекле дека не постои, ама гласот, тој глас, тоа е дефинитивно нејзиниот, гласот на Нина. Дури и кога Лејла ќе ме однесе кај Алмодовар, и кога ќе се сетам на Естебан на Маркес, кога го читам она што би требало да го прочита само Елизабет Бишоп, гулабите на татко ѝ на Лејла сè уште летаат по небото над нејзината родна куќа и јас слушам: „Freedom is mine, you know how I feel…“, а после со надоаѓањето на соколот музиката се менува. Меѓутоа, гласот останува ист, од првиот до последниот расказ, од првата до последната буква во книгата.
    На светот на Лејла и на расказите низ кои ни го подарува им се препуштив без воздржување, како и самиот да сум го одживеал сето испишано. Она што не го очекував е мерата со која ме стресе кога зборува за предавствата, кои и не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+