Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 110 | година  | октомври-ноември, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 110октомври-ноември, 2016
Есеи

500 години од Утопија на Томас Мор: трансформација на утопистичките идеи

/8
стр. 1
Калина Малеска

_______________________________________________________________________

500 години од Утопија на Томас Мор: трансформација на утопистичките идеи

    Во 1516 година за првпат се појави книгата Утопија на Томас Мор. Иако и претходно постојат дела што се занимаваат со идејата за создавање совршено општество, од кои веројатно најпознатиот пример е Платоновата Држава, појавата на утопистичкиот жанр се поврзува токму со делото на Мор, коешто и му го даде името на овој жанр. Едно од честите прашања што се поставуваа во последниве две децении во однос на утопиите е: дали е дојден крајот на утопијата? Ова прашање се однесува не само на литературниот жанр познат под тоа име, туку и на политичката и општествената ангажираност на интелектуалците да се стремат кон подобро општество. И двата аспекти се поврзани со идеи што доминираа при крајот на минатиот век, а чиј најистакнат пример, или барем еден од најистакнатите, е Франсис Фукујама со својата теза за „крајот на историјата“ во неговaта статија „Крајот на историјата?“ (1989). Објаснувајќи ја својата теза, Фукујама вели дека се соочуваме со „крајната точка на идеолошката еволуција на човештвото и со универзализација на западната либерална демократија како конечна форма на владеење“ (Fukuyama 1989: 4). Доколку либералната демократија се смета за постигнатиот врв во напорите за создавање совршено општество, тогаш логично би следело дека и утопистичките визии, било во филозофијата или во книжевноста, би завршиле. Но, овој есеј, низ кус историски преглед, ќе се обиде да покаже дека ова не е случај, и дека утопистичкиот жанр е флексибилен и приспособлив на историските промени, а современите утопистички книжевни дела укажуваат токму на теза спротивна на онаа на Фукујама – имено, дека сè уште не постои и не е ниту на повидок крајот на историјата зашто има уште многу простор за трансформации и подобрувања на човековите општества низ светот и во книжевните дела.
    Мор ја пишува Утопија за да ги исправи неправдите (Carey, 1999: 38) на општеството во коешто живеел – доцниот петнаесетти и раниот шеснаесетти век – што е очигледно и од структурата на книгата; имено, првиот дел ја опшува сиромаштијата и тешкиот живот во Европа во тоа време, додека вториот е опис на многу поидеална заедница во која живеат здрави и среќни луѓе. Иако постојат многубројни дискусии во однос на тоа дали Мор сериозно ги промовира сите идеи од своето дело, со оглед на тоа дека во својот живот искажувал поинакви ставови, сепак Утопија не може никако да се оцени само како шега, со оглед на темелноста






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+