Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 110 | година  | октомври-ноември, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 110октомври-ноември, 2016
Критика

Да се живее за да се рaскажува

/6
стр. 1
Марија Ѓорѓиева Димова

_______________________________________________________________________

Да се живее за да се раскажува


    Сашо Димоски.Алма Малер, Скопје: Култура, 2014

     In the end, we'll all become stories.            
    Margaret Atwood


    

Ништо не е овој живот ако не ја оставиш својата приказна на најдобар можен начин[1].
     Сашо Димоски
    


      
    Современата книжевност, соочена со поетичкиот предизвик дека сите приказни веќе се раскажани, па останува единствено потрагата по модусите на наративно преосмислување на познатото, на веќекажаното, компромисно, го пронаоѓа својот креативен простор помеѓу автореференцијалните промислувања на книжевноста, на нејзините конвенции и граници и референцијалната упатеност кон историската стварност (историските настани и фигури). Значаен придонес во таа книжевна констелација има и романот Алма Малер (2014) на македонскиот автор Сашо Димоски во којшто се нуди автентичен спој помеѓу тематската универзалност, модернистичките наративни техники, интердискурзивните и интермедијалните релации.
     Романот е приказна за Алма Марија Шиндлер Малер (1879 – 1964), деветнаесет години помладата сопруга на Густав Малер, доцноромантичарскиот австриски композитор со еврејско потекло, којашто и самата била музички активна (компонирала седумнаесет песни за глас и пијано), иако се откажала од понатамошната кариера. Преку интересот за една историска/реална фигура романот на Димоски се поставува интердискурзивно кон бројните други (книжевни, филмски, музички, мемоарски, епистоларни, дневнички) текстуализации на Алма Малер, користејќи ги како фон врз којшто ја ситуира романескната, (раз)личната приказна за/на Алма. Кодискурзивните релации се индицирани и преку одделните романескни упатувања кон препознатливи (авто)биографски и историски контексти, како, на пример: референциите кон семејните трагедии (самоубиството на братот на Густав, Ото, смртта на ќерката Марија); кон премиерните изведби на симфониите (на пример, спектакуларната премиера на осмата симфонија во Минхен во 1910-тата година); кон војните („И војните си го направија своето. Или ќе го направат во времето кое претстои. Бегав од сите тие војни“) (Димоски 2014, 57),1F наспроти коишто е поставена интимната исповед на Алма, односно на еден учесник во и сведок на тие случувања. Впрочем, овие релации, манифестирани на различни рамништа во романот, се сугерирани и во неговата структурна поделба на единаесет глави, од коишто десет се именувани според десетте симфонии на Густав Малер, а премините меѓу главите се посредувани парацитатно – со интермедијални музички цитати. Значи, насловите и поднасловите ја исцртуваат рамката којашто реферира на професионалната хронологија на Густав, а, пак, таа хронолошка рамка ја врамува ахронолошката приказна што ја кажува Алма. Тоа, во поширока смисла, ја сугерира паралелата помеѓу официјалната, фактографската и неофицијалната, интимната димензија на постоењето, помеѓу познатото и непознатото, помеѓу кажаното и премолченото, но и помеѓу историјата и

_____________________________________

1. Цитатите се наведуваат според изданието Сашо Димоски. Алма Малер, Скопје: Култура, 2014.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+