Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 110 | година  | октомври-ноември, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 110октомври-ноември, 2016
Проза

ВОЛКОЈАРЕЦ

/16
стр. 1
Зоран Пилиќ

_______________________________________________________________________

ВОЛКОЈАРЕЦ

  
    Превод од хрватски јазик

    Хатка Смаиловиќ
      
    Природата е мој природен непријател. Така е откога знам за себе, така е и така ќе остане. Не знам како поинаку и поубаво би го кажал тоа, а да не се оддалечам од вистината, па нема ни да се трудам. Природата или дивината, што е далеку попрецизен назив за непристапни и навистина диви предели, го прави човекот смешен и беспомошен. Не секој човек, се разбира, но луѓе како мене нема што да бараат таму без добро упатени и до заби вооружени водичи. Шансите дека бледникаво, тенкокожо и кон секоја болештина склоно суштество, какво што сум бил отсекогаш, ќе преживее самостојно во дивина подолго од половина ден, во старт се сведени на минимум. Во деведесет и пет од сто случаи нешто би ме убило: црна вдовица, алигатор, орел кликач, мечка, разновидни инсекти, пијавици, змии, громови и молњи или, ако ништо друго, би се сопнал и со чело би паднал на остар камен па ќе починам на самото место.
    Во пониските одделенија во основно училиште, ќе го кажам само уште ова, ме запишаа во извидници. Како што бев неразвиен и постојано со бледо лице, на родителите веројатно им се чинеше дека малку престој во природа и во друштво не би ми штетело. По само неколку состаноци нè одведоа на логорување. Иако уште бев многу млад, почувствував дека нешто може да тргне лошо. Ги поставивме шаторите, на јарбол го кренавме извидничкиот бајрак, навечер запаливме логорски оган, а утредента – натпреварување. Последната и клучна дисциплина носеше најмногу бодови, а се состоеше во тоа да се поминат неколку контролни точки на теренот кој, јасно, во најголем дел се простираше низ некое густо шумиште. Во еден миг, мора да признам, и мене ме обзеде малку ентузијазам и натпреварувачка жар. Сите беа така извиднички настроени, па веројатно и мене мора да ме зафатила таа, рака на срце, сосема ирационална возбуда. Не знаев баш точно што правиме, но ги следев другите кои фанатично рипаа наоколу одработувајќи сè што мораше да се одработи. Една од задачите беше со помош на јаже, кое глумеше лијани, да се префрлиме од едниот на другиот брег на неголема рекичка, поток или можеби речен залив. Прерано го пуштив јажето, паднав и низ падината се стркалав во водата. Падината не беше голема, ниту водата беше длабока, и не бев единствен што запна тука, но само мене, додека шлапкав угоре, ме нападнаа рој шумски пчели убијци. Добро, не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+