Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 110 | година  | октомври-ноември, 2016



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 110октомври-ноември, 2016
Звук Осврти

Леонард Коен

Десет случајни песни од Леонард Коен


/2
стр. 1
Мехмед Бегиќ

_______________________________________________________________________

Леонард Коен

Има една песна која често ја потпевнувам. Воглавно е за вино, жени и пријателство. Имам и пријател. Колку помалку се гледаме, ние двајцата сè повеќе личиме на ликовите од таа песна. Еден нејзин стих вели: svako nosi u sebi nekog svog malog boga kom' se potajno moli. Не знам како оди кај другите, ама знам за себе. Долго време тој бог ми беше поезијата на еден човек. Леонард Коен се вика тој човек и ми покажа сè што мислам дека знам. Ќе се обидам да ви раскажам за тоа, потпирајќи се на командите на дестина негови песни. Всушност ќе се преправам дека се обидувам, и многу е можно дека ќе пишувам за нешто сосема друго. Viva la poesia.
      
    https://youtu.be/bUQZqQ2YCVQ  
      
    
    Hello, my love and my love, goodbye.
Во еден момент морав да се оддалечам од твоето раскажување и од твоите вистини кои стануваа мои, од патоказите и од заблудите. Морав сè да оставам и да му се посветам на своето патување, да го следам сопствениот хаос, со ружа во едната рака и со нејзиното самоубиство во другата. Морав да побегнам за да отпловам во потрага по лечење со поетика која прво требаше да се измисли. So on battlefields from here to Barcelona I'm listed with the enemies of love.
      
    Waiting for the miracle, there's nothing left to do. I haven't been this happy, since the end of World War II.
Моето чекање поприма свети контури. Тебе ти раснат крилја. Ќе се случи чудо, големо колку смртта и застрашувачко како раѓањето. Како свеќа си и светилник во мракот, во она неодоливо црнило кое го повикував дури и кога се обидував да избегам. Се фаќаат за раце оние кои никој никогаш не ги прашал и за нив одлучил.
      
    If the moon has a sister it's got to be you.
Твојата отворена уста и мојот јазик совршено се разминуваат. Таквите процеси налагаат свој закон. Наместо него ти посветувам ѕвезда. И понекогаш палам свеќа. Стомакот е во пламен, горам под појасот и ти ништо не можеш да сториш во врска со тоа. Не можам ни јас. Ништо не треба да се стори. Неслучувањето е она што мора да се случи за да продолжам да сонувам.
    
    You were Marlon Brando, I was Steve McQueen. You were K.Y. Jelly, I was Vaseline.
Но сето тоа е зад нас. Го отслужив своето. Колтот е во футролата, а прстот на чкрапалото.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+