Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 111 | година  | јануари, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 111јануари, 2017
Критика

Нултиот број – последната роза на Еко или гаснење на мистериозниот оган

/7
стр. 1
Милан Дамјаноски

_______________________________________________________________________

Нултиот број – последната роза на Еко или гаснење на мистериозниот оган

Умберто Еко не само што е еден од стожерните писатели, туку и интелектуалци на 20 век. Нема потреба да се трошат зборови за неговиот придонес кон книжевноста и семиологијата, како и влијанието кое го изврши со своето творештво врз повеќе генерации во втората половина на 20 век. Неговото енциклопедиско знаење, ренесансна љубопитност и отвореност кон сите аспекти на современиот живот се рефлектираа во мноштвото жанрови во кои се опроба во текот на целиот негов живот. За тоа укажува и фактот дека беше плоден писател до самиот крај, како сето знаење кое го беше акумулирал во текот на својот богат и плоден академски и писателски живот да не можеше да прекине да се комбинира, комуницира и создава нови значења, т.е. приказни. Неговата последна книга Нултиот број ја објави во 2015 г., само една година пред да го напушти овој свет. Македонската јавност, благодарејќи на трудот на издавачката куќа Арс Ламина, имаше можност речиси со останатиот дел од Европа и од светот да ја прочита неговата последна книга во превод на Марија Грација Цветковска. Затоа е интересно да се разгледа во каква писателска и интелектуална форма се прикажа Еко во својата последна објава како писател.  
    
    Ехото на претходниот роман

    Уште на прво читање, пристапот на Еко кон темата во Нултиот број се чини добро познат. Можат да се направат повеќе паралели со неговите претходни романи, како и со голем број есеистички текстови. Сепак, романот на кој намногу соодветствува и наликува е Фукоовото клатно, не само по темата, туку и по жанровскиот и наратолошкиот пристап кон приказната, како и во изборот на ликовите кои го населуваат романот. Тоа не е толку чудно имајќи го во предвид фактот дека самиот Еко кажува во едно интервју дека идејата за романот ја имал уште во времето на издавањето на Фукоовото клатно, но очигледно реализацијата била оставена за некое поподатно време.
    Во Нултиот број се повторуваат сите најдобри елементи на романите на Еко, но во еден скелетална форма, како рамка и шема во која тој ги вметнува книжевните, историските и политичките настани и жанрови, а сновилото со кое ги придвижува и ја ткае површината на романот е добро познатиот детективски жанр и нарација. Детективскиот жанр како свој ‘ркулец и семе секогаш го поседува сомнежот, индикациите за престап, трагите од злодело, чувството за несоодветност на реалноста која нѐ опкружува. Единствено општествата кои успеале да постигнат подолг






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+