Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 111 | година  | јануари, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 111јануари, 2017
Звук Осврти

Распнат трубач, љубовна приказна

/2
стр. 1
Меша Бегиќ

_______________________________________________________________________

Распнат трубач, љубовна приказна

Превод на македонски: Елизабета Баковска

    
    I

      
    Три е попладне и телефонот ѕвони. Ама, наместо да му пријдеш, ти ќе ја потпуштиш музиката. Тоа веќе станува застрашувачка традиција која ја крунисуваш со изјавите кои звучат отприлика вака: „Само немој да дозволиш да станам инвентар на мрачни простори!“, или: „Порадо отвори им го умот на новите видови очај препуштајќи се до крај.“
      
    И потоа исчезнуваш, се давиш во чадот на сопственото цигарило и ѝ се препушташ на плочата која врти нов круг. Денешната е Cool Cat, албум кој Чет Бејкер ги снимил во 1986 година во Холандија, две години пред да зарши на тротоарот, два ката пред својата хотелска соба.
      
    Неговата труба отсекогаш лесно те наоѓала. Заедно ги славите заспаните ноќи, прошетките по широките авении, малите хотели и нивните балкони, ти дава јасни упатства кои треба да ги запаметиш и кои палми веќе не се вредни за сеќавање. Неговата труба те пронаоѓа секогаш кога ќе помислиш дека е наредено повлекување.
      
    Дали случајно таа соба сега е твоја? Разбуди се. Животот не е песна во импровизација која упорно ја сонуваш. Импровизациите многу ретко завршуваат добро. Особено ако не ги запреш на време. Ти никогаш ништо не си знаел да запреш. Смрдиш на политика и завист. Искористи ја онаа прекрасна бања. После тоа прибери се и крени ја слушалката. Имаше сличен телефон во една од своите куќи. Елегантен и црн. Со бројчаник кој заморува. Дури и живиот сигнал му служеше за декоративна цел.
      
      
    Chet Baker – Caravelle
      
      
    
    II

      
    Speedball baby, знам, јасно ми е, без џанк не би имало ни мелодии. Некои не знаат поинаку. Твојата вена мора да биде среќна за устата да почне да раскажува. Кога си на тоа и без заби ја разделуваш трубата на прости фактори, но и понатаму не можеш да леташ, и бетонот под твојот прозорец е единствената извесност.
      
    Звукот на телефонот пак одекнува. Го нагласува звукот на џез квартетот во екстаза, во времето кога отуѓувањето го признавам како сесема нов начин на потчинување, на моите мисли се спушта исплашена црна птица. Таа крешти: „Blue moon, you saw me standing alone, without a dream in my heart, without a love of my own.“
      
    Месечино, ја виде ли? Да имаш сестра, би личела на неа. И да бидам јасен, не се работи тука за твојот сјај, или нејзиното лице, или хероинот во неговите вени. Поголеми нешта се во прашање, виши






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+