Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 111 | година  | јануари, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 111јануари, 2017
Проза

Звуците на умирањето

/2
стр. 1
Елизабета Баковска

_______________________________________________________________________

Звуците на умирањето

    Денот беше жежок, а тој и Роберт талкаа низ гробовите во Бутел скоро цел час. Кога доаѓаше наваму, некако наивно се надеваше дека ќе го најде својот стар пријател сè уште жив. Би имал скоро сто години, но луѓето живеат и по толку, нели? Некои живеат, но на гробот на Виктор Аќимовиќ, зад одамна исушеното цвеќе, до неговото име, пишуваше: 1915-1987. Бил само малку помлад од неговите седумдесет и пет години кога заминал и веќе не може да му каже ништо, ништо од она што помисли дека сака да му го каже. Сакаше да му каже благодарам, сакаше да му каже дека мислел на него сите овие педесет години, сакаше да му каже дека тие две недели тогаш, со него во Скопје, засекогаш го одредиле неговиот живот. Но сега е веќе доцна, си помисли, уморен и жеден, и со воздишка седна на надгробната плоча.
    Франс, ме потсетуваш на син ми, му рече Виктор кога за првпат се видоа, тој жежок августовски ден во 1963 година. Му требаа три недели да стигне во Скопје откако слушна за земјотресот. Тоа е тоа, си помисли кога прочита за несреќата во холандските весници, тоа е мојата приказна. Фотографијата не е ништо без емоции, му кажа неговиот тогашен учител, и тој почна да ја бара емоцијата што ќе му помогне да ја направи онаа фотографија што пак нему ќе му помогне да стане фотограф. Беше сам, родителите му беа починале, дома не го чекаше ниедна посебна жена, немаше постојана работа, сè што имаше беше неговиот нов Никон-Ф и една патна торба во која спакува и парче картон на кое пишуваше „Скопје“. Стопираше до Германија, а од Германија фати воз до Белград. Во Белград, во некоја од зградите на тогашната влада, еден намуртен човек во темен костум го сослуша без збор, а потоа на секретарката ѝ издиктира нешто и го потпиша парчето хартија. Неговата дозвола да оди во разурнатото Скопје, стиснат меѓу лекари, медицински сестри, завои и шишиња со лекарства, во Дакотата на југословенската војска.
    Скопје не го ни пречека. Скопје беше премногу зафатено со својата агонија за да му обрне внимание на младиот забраден туѓинец. Утробите на довчерашните домови се беа истуриле по калдрмата, бесрамно соголувајќи ги животите на своите изгубени домаќини. Додека минуваше по улиците, од собите пресечени на пола ѕиркаа железни кревети, ѕидови со таписерии-пасторали, алишта што сè уште висеа уредно закачени на врати што не водеа никаде. Низ прашливите






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+