Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 112 | година  | март-април, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 112март-април, 2017
Галерија Осврти

Горан Ристовски

/1
стр. 1
Небојша Вилиќ

_______________________________________________________________________

Опис на делата

Актуелната моментална состојба како на локално така и на глобално ниво изобилува со агресија, војни, губење на моралните норми, пореметување на политиката и религијата, стагнација и декаденција во повеќе сфери од социо- општествениот живот… Македонија во последните неколку години е земја со дијагноза во катарактична фаза, период на нејаснотија и  магловито секојдневие. Територија во која владеат најчесто рушења на вредносните системи, пренагласување на религиозните вредности и национен идентиет притоа изобликувајќи ги, иморалитет и состојбата во која секојдневно ние се соочуваме со уништување и изобличување на процесот кон создавање на поквалитетна иднина.
    Циклусот на овие дела пробува да го поставува прашањето испровоцирано од фактичката состојбата и парадоксалноста на денешницата, економски, егзистенцијални, политички контексти и дефинирањето/ редефинирањето на односот на уметникот кон општеството и неговата позиција како субјект способен да критикува и реагира со свесноста за проблемите.
    Делата се комбинации од реди мејт објект, слики, цртежи и интервенции на различни подлоги, конципирано со едноставна минимална интервенција на платно, миленце, хартија.

Осврт на Небојша Вилиќ, извадок дел од Status – 38/62: Од нас за нас, локално (2)

…Ристовски, пак, овој пат одлучил да поврзе две дела во едно просторно организирање и тоа во двотонско негирање на боеноста на светот воопшто (сл. 8). „Црно ни се везе…“ е игра на зборови, според Шилеровата препорака за „слободна игра“, во која се преплетуваат и народната поговорка „Црно ни се пишува“ (како логос) и, ако сакате, „Везилката“ на Блаже Конески (како поиезис), и, а тоа е секако, дека нештата што се „везат“ во нашата стварност и општественост е вон од дофатот на нашиот чин на „везење“ на нашиот сопствен живот и судбина, бидејќи тие се „везат“ од некој друг (како политика, односно, како поле на судир на сите три елементи). Премачкувањето/поништувањето на белото „миленце“ (како експонент на локалноста, односно, на доместификацијата) со дијагонална линија во црна боја (како негирачки чин на едновремено негирање и поништување) настојува да го отфрли како неприфатливо таквото „везење“ од страна на некој друг, со што Ристоски навлегува во подрачјето на агонот (сл. 9). Двете сликарски платна се (п)оставени да посочат на постоечката состојба на духот како доволна причина за започнување на тој агон.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+