Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 112 | година  | март-април, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 112март-април, 2017
Проза

КУКЛАТА ОД ГЛУТЕНБЕРГ

/4
стр. 1
Звездан Георгиевски

_______________________________________________________________________

КУКЛАТА ОД ГЛУТЕНБЕРГ

    Чудно е, помислува Гроздан дури стои пред излогот на стоковната куќа во… Гетеборг не е, Гритенбург, Гратенштрасен…, кој го врти. И не му е чудно дека воопшто не знае во кој град се наоѓа, па дури ни во која држава. Одамна се извежбал да не ги таложи во меморијата податоците што не го интересираат. Не му е чудно и што Буба, кога го испраќаше, рече нешто слично: „Чудно е…“, но не успеа да ја слушне реченицата до крај. Тремата пред пат и здодевноста на испраќањата. И навистина не знае зошто прифати да учествува на ова советување за истражувачко новинарство. Всушност знае, откога нема постојан ангажман прифаќа се’ што ќе му се понуди, иако никогаш не бил љубител на оваа ултимативна новинарска догма – истражувачко новинарство. Секогаш тука нешто му смрдело на полициски местенки и прекумерно оцрнување на луѓето. Секогаш верувал дека јавниот интерес професијата може и треба на друг начин да го остварува. Треба…
    И, еве, го гледаме Гроздан на плоштадот во…, ма што е важно, како се чуди пред излогот на локалната стоковна куќа. Си го гледа одразот од сопствениот лик во стаклото од излогот и забележува дека е погрбав отколку што мислел и дека брадата му е многу побела откога последен се видел во огледало. И ликот му е блед. Речиси бел. Но, тоа го припишува на напорниот пат и уште понапорниот домаќин-преведувач, кој од некои причини мисли дека Гроздан навистина умира од љубопитство за состојбите во новинарството во неговата земја. И пивото со неизговорливо име што го пиеше во блиското кафуле имаше некаков блуткав вкус, па го замени за некаков шнапс, што беше нехумано топол.
    Неговото бледо лице, кое набргу ќе пожолти, овојпат се огледува од рамната површина на телото на голата кукла, која двајца вработени во сини мантили штотуку ја местат во излогот пред него. Внимателно ѝ ги расчекоруваат нозете и ѝ ги местат рацете како да сее на поле. Гроздан се чуди зошто го прават тоа, бидејќи куклата е гола и практично со неа не се презентира ништо.
    Сините мантили се повлекуваат во внатрешноста на продажниот простор. Остануваат сами: тој, Гроздан, надвор на тротоарот и таа, голата анонимна кукла во просторот на излогот. Внимателно ја гледа. Од главата до петиците. Има долга руса коса. Врзана во опашка. На Гроздан му се чини дека ја знае од некаде. Дека неодамна ја видел. Во авионот? На аеродромот? Келнерката што му донела пиво? Некоја од колешките






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+