Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 112 | година  | март-април, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 112март-април, 2017
Критика

Ловец сум на моменти, што ретко кога успевам да ги уловам

Најмладиот педесетгодишник во македонската поезија намерно оди разбушавен


/6
стр. 1
Елизабета Баковска

_______________________________________________________________________

Ловец сум на моменти, што ретко кога успевам да ги уловам

   Критиката често, во неможност (или несакање) подетално да се позанимава со одредени автори, без понатамошна елаборација, лесно го фрла на маса епитетот „млади“ или синтагмата „помлада генерација“, дистанцирајќи се така од какво било нивно вклучување, класификација или канонизација. Така некако и Јовица Ивановски останува еден од најмладите педесетгодишници во македонската поезија. По повеќе од дваесет години пишување поезија и дванаесет објавени збирки, за него се напишани едвај десетина критички осврти. Речиси сите од нив се од „вонинституционални“ критичари (т.е. Оние кои формално работат вон научно-образовните и истражувачки институции кои се занимаваат со јазик, книжевност или култура) и повеќето од нив промотивни (т.е. Со цел да се промовира некоја од новонапишаните збирки). „Наспроти олкуте објавени книги, учества на фестивали, резиденции,… наспроти преводите на повеќе јазици, застапеноста во повеќе антологии,… за Јовица Ивановски е пишувано многу малку“, вели Оливера Ќорвезироска, додавајќи дека „сите го читаме, ’критиката‘ исто така го чита, но некако го забораваме, го испуштаме, не одминувајќи го во широк, туку премолчувајќи го во тесен лак…“ (Ќорвезироска 2015).
    Речиси сите овие критички осврти се насочени кон (или барем во нив упорно се провлекуваат) две карактеристики на поезијата на Јовица. Првата е нејзината урбаност, или нејзината тематска ситуираност во градот (сегашно Скопје) како хронотоп во кој поетот домува[1]. Така, Богомил Ѓузел кажува дека овие стихови имаат „автентично урбан сензибилитет“ (Ѓузел 1995), а Елизабета Шелева заклучува дека „поезијата на Јовица Ивановски е плод на една континуирана урбана прељуба со еден простор“ (Шелева 2005). Оливера Ќорвезироска за оваа скопска вдоменост вели дека „песните на Јовица Ивановски… се одамнешни жители на Скопје“ (Ќорвезироска 2015), а Влатко Галевски во своето претставување на последната збирка поезија на Јовица, Градот што веќе не е мој (Темплум 2016) вели дека „поезијата на Јовица е како првиот стихуван музеј на поразите на еден град, на неговите жители“ (Галевски 2016). Втората одлика на оваа поезија која се чини дека им запнува в очи на критичарите е она што Душко Крстевски го нарекува „метонимиски“ стил на пишување, т.е. Наративен, раскажувачки, дури и епски, наспроти „метафоричниот“, т.е. Лирскиот, во голем дел апстрактен стил (според Крстевски 2012). Интересно (но не и сосема изненадувачко) е што речиси сите критичари чувствуваат за потребно не само да ги посочат овие две работи, туку и да се стават во нивна одбрана[2], дефинирајќи ги не само како констатирани одлики на севкупниот опус на Јовица, туку (или

_____________________________________

1. Впрочем, и самиот Јовица Ивановски секоја своја биографска белешка ја завршува со истата реченица: „Сè уште живее и работи во Скопје“.
2. Иако Елизабета Шелева на одреден начин го проблематизира самиот термин „урбана поезија“, велејќи: „Мене, како на дете израснато во градот, овој израз ми се чинел како излишен плеоназам“ (Шелева 2009, 66).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+