Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 112 | година  | март-април, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 112март-април, 2017
Поезија

Поезија

/10
стр. 1
Јосип Коцев

Ѕидови
Душа на ветрот
Вечно лето
Изгубените љубови
Како птица, како песна
Совршено убиство
Народи
Сила
Однатре
Победа

_______________________________________________________________________

Ѕидови

    Овој свет нема ѕидови.
    Зошто упорно бараш врата?
    Отвори ги очите,
    не мрази го сонцето засекогаш
    поради два-три врели јулски дни.
    По нечии тела пушти го блудот
    што го стегаш во дланките.
    И заборави! Имаш сè што ти треба.
    Твои ќе останат сите пространства
    во кои недостигам.
    Твојот ќе стои на врв од сите
    фластери што преку уста ми ги залепија
    тие што ме напуштија:
    ангели, демони, луѓе…
    Твои ќе бидат заробените гласови,
    златните игли врз некажаните зборови.
    Дај ѝ сила на мојата тишина
    и остави ги раните како што се,
    отворени ширум преку
    меридијаните на нашите битија.
    Од местата кај што сме луѓе,
    ќе истече крв.
    Од местата кај што сме божества,
    ќе истече љубов.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+