Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 112 | година  | март-април, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 112март-април, 2017
Есеи

Љубовта како пост-пазарна категорија

/2
стр. 1
Димоски Сашо

_______________________________________________________________________

(Во самотијата на памучните полиња, Бернар Мари Колтес)

Во самотијата на памучните полиња, Бернар Мари Колтес
    Договор е комерцијална трансакција која се однесува на забранети или строго контролирани вредности и се случува во неутрални простори, недефинирани и непредвидени за оваа употреба.

    Бернар Мари Колтес, Во самотијата на памучните полиња
      
    Пост-пазарната етика и естетика, поимана од аспект на автореференцијалноста на субјектот кој е директно вклучен во пазарот како топос, се артикулира многузначно и мултимедијално, па со тоа не го заобиколува ниту театарот како медиум, односно драмата како перформативна категорија од една страна и како јазичен систем од друга страна.
    Поаѓајќи од неможноста за постоење на невиност на јазикот – со терминологијата на Ролан Барт, и токму низ парадигмите на пост-пазарната етика и естетика, Бернар Мари Колтес го создава светот на односите меѓу своите протагонисти низ раскошната драматургија на драмскиот текст „Во самотијата на памучните полиња“, поаѓајќи од широкото сфаќање на консумеризмот како главна алатка на нарацијата, односно со јазикот на теоријата на драмата -- перформативниот карактер на драмскиот текст, или најдобро – причината за дејство: le deal.
    Драмската структура на текстот (навидум) е мошне едноставна: дует меѓу Дилерот и Клиентот во еден купопродажен, трговски дијалог кој може да биде толкуван (читан и разбран) како константна средба на два монолога, на два внатрешни гласа кои се допираат и се одбиваат, небаре се два пола на магнетна игла, и притоа предупредуваат за опасноста која ја носат: заканата која ескалира до конфликт (претпоставен, насетен) заради неможноста да се постигне договорот, да се купи и да се продаде, да се оствари трансакцијата[1], да се биде дел од пазарот како рамноправна размена на искуства и поседувања. Но, тоа е само јазичната граѓа на текстот од која понатаму произлегуваат контекстите кои се предмет на ова размислување околу драмата на Колтес.
    Политичката заднина која го тангира глобалниот пазар, во текстот на Колтес е само првата оска околу која ротира дејството: критиката на глобалниот поредок и слободниот пазар кој ги руши границите меѓу условно независните чинители кои го сочинуваат и кои на крајот ќе (мораат да) се предадат на волјата на посилниот, на Господарот, па дури и на Оксидентот – со терминологијата на Саид, да се потчинат до степенот на сопственото (повторно – претпоставено и насетено, заради невиноста на јазикот) обестелеснување. Во оваа критиката на консумеризмот, Колтес не го открива предметот на купопродажниот однос и го фрла читателот, односно – идниот гледач во многу замки, му поставува многу стапици низ кои мора

_____________________________________

1. Како што запишува и Колтес во воведната дидаскалија од драмскиот текст: Договорот (дил-от) е комерцијална трансакција






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+