Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 113 | година  | мај-јуни, 2017



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 113мај-јуни, 2017
Есеи

Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата

/2
стр. 1
Соња Сринивасан

_______________________________________________________________________

Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата

Превод: Теа Дуза

Многу луѓе велат дека не сакаат поезија, а и не е тешко да се види зошто: Mрачен Поет кој ни ја презентира својата поезија на поетски читања и монотоно мрмори; необичните зборови и формулации; лични исповеди кои можеби е најдобро да се споделат со својот психијатар или со свештеник. Можеби сето ова е вистина, но тоа не значи дека се целосно за фрлање. Поезијата е вроден дел од човечкиот јазик, почнувајќи уште од религиските пеења интонирани во одреденa звучна шема. Грчките претстави кои забавувале и подучувале исто така обрнувале посебно внимание на метриката на јазикот. Бардот, еден од најголемите англиски стилисти, ни дал дел од најдобрите примери на рима во неговите сонети. Голем дел од еповите ширум светот се усно пренесени, па така римата е корисно средство коe му помага на рецитаторот да го запомни текстот. И да не ја заборавиме тесната врска помеѓу поезијата и музиката – сите песни низ времето, уште од раните балади, па сè до блузот, рапот, операта – кога помислуваме на песна, веднаш мислиме на зборови кои се римуваат.
    Во современ, образовен контекст, можеби на римата гледаме потценувачки поради нејзината асоцијативна врска со детската литература. Римата е таму за да ги научи децата на различни гласови, прозодија (редоследот на звуци и интонација во една фраза/израз) и вокабулар. Ако некое дете го знае зборот “book” (книга), тогаш тој/таа може да додаде и друг збор кој звучи исто како првиот, а започнува со друга буква, како “look” (гледа). Американските деца пораснале со еден од кралевите на римата, Теодор Сус Гајзел (Theodore Seuss Geisel), попознат како д-р Сус. Земете ја предвид една од најпродаваните детски книги на сите времиња, Чај и локум, каде што упорниот Наум-јас-сум ги тера другите ликови да ја пробаат храната , а тие ја одбиваат:
     „Дали сакаш чај и локум?/ Јас не сакам, Наум-јас-сум./ Јас не сакам чај и локум.[1]“  каде се повторува римувањето на „локум“, „Наум“ и „сум“ за децата да се запознаат со гласот „ум“. Забележете ја играта на јазикот, како и акцентот на слоговите. Вака децата полесно ќе ги запомнат зборовите, а најпосле, секој читател ќе ја почувствува играта со јазикот.
    Ако се навратиме кон Западната култура, ја забележуваме употребата на рима во уметничката форма која ги соединува музиката и зборовите: операта. Еден од највештите либретисти е Лоренцо да Понте (Lorenzo Da Ponte), кој веројатно соработувал со Моцарт на трите негови

_____________________________________

1. Во оригиналот, на англиски се римуваат зборовите „Sam”, „ham” и „am” (односно гласот „am”). Направени се отстапки во преводот за да се пренесе римата, па така римуваните зборови се заменети со „Наум“, „локум“ и „сум“ (односно гласот „ум“). Оригиналното име на книгата е Green Eggs and Ham. (Заб. На прев.)






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+